И топ моделите пијат кефир со цимет: Овој пијалак има чудесен ефект на организмот

Доколку сакате да го освежите вашето тело, тогаш комбинацијата на овие две состојки е одлично решение! Покрај одличното влијание на здравјето, може да ви помогне и околу слабеењето, па затоа оваа комбинација ја користат и топ моделите.

Многумина од вас знаат за користа од циметот, кој благотворно делува на функционирањето на гастроинтестиналниот тракт: Тој го нормализира процесот на варење, ја подобрува апсорпцијата и усвојувањето на хранливите материи и го забрзува исфрлањето на сварените материи.

Освен тоа, одлично го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта, и го подобрува видот.

Користењето на циметот за слабеењето, не само што ќе ве ослободи од непотребните килограми, туку и благотворно влијае и на здравјето, бидејќи овој зачин има позитивно влијание на работата на сите системи од човечкиот организам, и нежно и деликатно го чисти телото од насобраните токсини.

Позитивно влијае и на работата на бубрезите, без чие потполно функционирање, нормализацијата на тежината, едноставно, не е возможна. Многумина од вас се уверија во тоа, користејќи го овој зачин за слабеење во комбинација со вода и мед.

2-cimet-so-kefir-pijat-i-top-modelite-a-ima-chudesen-efekt-na-organizmot-www.kafepauza.mk_

Рецепт:

Измешајте кефир (јогурт со најмал процент на масти) со цимет. Циметот ставете го по вкус, вообичаено, половина кафена лажичка на 200 милилитри кефир (јогурт) на собна температура.

Ако секоја вечер, наместо вечера, ја консумирате оваа напивка, многу брзо ќе ги забележите позитивните резултати на телото, како и на лицето. Таа, не само што го заштитува, туку и го подобрува варењето и тенот на лицето. Испробајте!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар