Рецепт за тирамису што ќе ви го стопли срцето во студените есенски денови!

Рецепт за тирамису што ќе ви го стопли срцето во студените есенски денови!

Светски познатиот колач со вкус на кафе, тирамису, е омилениот десерт на многумина. Денес ви споделуваме „есенска верзија“ на рецептот за тирамису кој содржи зачини и една тајна состојка!

Рецепт за тирамису што ќе ви го стопли срцето во студените есенски денови!

Се работи за тиквата. Пирето од тиква му дава посебна арома и кремаста структура на колачот, а комбинацијата од цимет и ѓумбир го прават уште повкусен.

Потребни состојки:

  • 450 грама тиква
  • ½ чаша светло-кафеав шеќер
  • ¾ лажичка мелен ѓумбир
  • ¾ лажичка мелен цимет
  • ¼ лажичка сол
  • рендано морско оревче
  • 1 и ½ чаши маскарпоне
  • 4 лажици гранулиран шеќер
  • 2 и ½ чаши слатка павлака
  • 2 шолји сварено кафе, изладено
  • 200 грама пишкоти
  • рендано темно чоколадо
  • ѓумбир за декорација

Начин на подготовка:

1. Во поголем сад изматете го пирето од тиква со кафеавиот шеќер, ѓумбирот, циметот, солта и морското оревче. Додадете маскарпоне и една и пол чаша слатка павлака. Изматете ја смесата со миксер додека убаво не се соедини за да не се формираат грутки.

2. Во друг сад изматете го свареното кафе со 2 лажици шеќер. Потопете ги пишкотите од двете страни во смесата со кафе и наредете ги во еден слој во калапот. Намачкајте го филот од тиква и наредете друг слој пишкоти. Повторете ја постапката уште 5 пати. Оставете го колачот да отстои во фрижидер преку ноќ.

3. Во сад изматете ја преостанатата слатка павлака со две лажици шеќер. Хомогената смеса што ќе ја добиете додадете ја врз тирамисуто и декорирајте со рендано чоколадо и ѓумбир. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог за десерт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за чизкејк мафини со тиква.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар