Чизкејк мафини со тиква

Кога имате желба за чизкејк, ви гарантираме дека овие вкусни чизкејк мафини ќе ве задоволат. Секој има само 140 калории и обезбедува 5 грама протеини!

Чизкејк мафини со тиква

Потребни состојки:

За кората:

  • 10 бисквити (мелени)
  • 2 до 3 лажици стопен путер

За полнежот:

  • 250 г крем сирење
  • 250 г рикота сирење
  • 350 г кафеав шеќер
  • 250 г пире од тиква
  • 1 јајце
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка мелен цимет
  • ⅛ лажичка морско оревче
  • ¼ лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 325 степени. Спремете го калапот за мафини.
  2. За да ја направите кората бисквитите треба да ги сомлете, а потоа да ги измешате со стопениот путер. Рамномерно распределете ја смесата во калапите за мафини и печете ги за 8 минути. Потоа оставете да се изладат.
  3. Потоа останатите состојки додадете ги во еден сад и мешајте ги со лажица или користете блендер.
  4. Додадете од смесата во калапот за мафини и печете од 40 до 45 минути.
  5. Оставете во фрижидер најмалку 2 часа.
  6. Украсете со цимет, семки од тиква или по избор.

Погледнете го и овој рецепт за колачиња со тиква.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар