Рецепт за колачиња со тиква

Прекрасната есен е тука, а сигурно би сакале да уживате во неа заедно со вкусни колачиња!

Рецепт за колачиња со тиква

Потребни состојки:

  • 320 г брашно
  • 4 г прашок за пециво
  • 4 г сода бикарбона
  • 5 г цимет
  • други зачини: индиско оревче, каранфилче
  • сол
  • 110 г путер
  • 300 г шеќер
  • 350 г пире од тиква
  • 1 јајце

За глазурата:

  • 115 г путер
  • 240г шеќер во прав
  • екстракт од ванила
  • 15-20 милилитри млеко

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 175 степени.
  2. Комбинирајте го брашното, прашокот за пециво, содата бикарбона, циметот, солта и другите зачини, а потоа оставете ги настрана.
  3. Во среден сад миксирајте ги путерот и шеќерот.
  4. Потоа додадете го јајцето, тиквата и ванилата и миксирајте додека не добиете кремаста смеса.
  5. Потоа додајте ги сувите состојки.
  6. Ставете ги во плех со хартија за печење и печете околу 15 – 20 минути.
  7. Потоа за глазурата се топи путерот на средно-висока температура до златно-кафеава боја, околу 10 минути.
  8. Истурете го путерот во сад и додадете шеќер, ванила и 15 мл млеко – промешајте додека не се изедначи. Потоа ставете ја смесата врз колачињата.

Погледнете го и овој рецепт за неодолива пита со грозје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар