И после сè

И после сè

Автор: Елена
(поднесено преку „Предложи содржина“)
И после сèИ после сè, ние сме само силуета,
фигура од кал осудена да живее на два света,
живееме чекорејќи на сите страни,
горди на себе, прикривајќи ги своите мани.
Брзаме во сè, знаејќи дека времето е скапоцено
и токму тука го испуштаме она што ни е драгоцено.
Барајќи голема среќа,
испуштаме љубов, радост и доблест полна вреќа.
Но, крајот секогаш ќе биде ист,
целиот живот ќе остане роман со еден недопишан лист.
А бесмртноста на човекот лежи во самиот тебе
со сите работи кои ги чуваш во себе,
со секоја зачувана насмевка, поглед или глас
оној што го сакаме засекогаш ќе остане меѓу нас.
Секој момент со тебе за мене ќе остане најубав спомен,
затоа почивај во вечен помен.

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар