Хитови за 2018-та година: 12 најубави фризури кои ќе ги „запалат“ социјалните мрежи

Сигурно многупати сте ја слушнале изјавата: „Нова година, нова јас“. Без разлика дали сакате да се промените од корен или само да го освежите вашиот изглед, постои една работа која секогаш можете да ја промените, а тоа е вашата фризура. Во 2017-та година доминираше средната должина на косата, пикси фризурите и залижана коса, но 2018-та нè очекуваат некои нови и многу интересни трендови. Слободно експериментирајте со овие фризури, бидејќи секоја од нив е божествена.

1. Сребрена бринета

1-vi-gi-pretstavuvame-najgolemite-hitovi-za-2018-ta-12-najubavi-frizuri-koi-kje-gi-zapalat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

Наместо традиционалните тонови во боја на карамела, во 2018-та акцентот ќе биде ставен на сребрените тонови. Оваа фризура е модерна, лесна за одржување и одговара на секоја должина.

2. Боб до брада

2-vi-gi-pretstavuvame-najgolemite-hitovi-za-2018-ta-12-najubavi-frizuri-koi-kje-gi-zapalat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

Пикси фризурата беше популарна во 2017-та година, но стилистите за 2018-та предвидуваат поголем интерес за боб со должина до брадата. Оваа должина е идеална за оние кои се плашат да не ја скратат премногу својата коса.

3. Супер долга коса

3-vi-gi-pretstavuvame-najgolemite-hitovi-za-2018-ta-12-najubavi-frizuri-koi-kje-gi-zapalat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

Бијонсе е само една од жените кои ја испробале оваа фризура. Можеби е време да додадете екстензии, бидејќи оваа фризура навистина ќе биде во тренд.

4. Модерна „бушава“ фризура

4-vi-gi-pretstavuvame-najgolemite-hitovi-za-2018-ta-12-najubavi-frizuri-koi-kje-gi-zapalat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

Ослободете го вашето внатрешно дете со оваа фризура. Таа се состои од шишки со нееднаква должина и разбушавени прамени со должина до рамениците.

5. Ледено руса

5-vi-gi-pretstavuvame-najgolemite-hitovi-za-2018-ta-12-najubavi-frizuri-koi-kje-gi-zapalat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

Кажете им збогум на топлите руси тонови, бидејќи во 2018-та година ќе се носат само сребрено-бели тонови.

6. Шишки како завеси

6-vi-gi-pretstavuvame-najgolemite-hitovi-za-2018-ta-12-najubavi-frizuri-koi-kje-gi-zapalat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

Рамните шишки сега засега се дел од минатото. Во 2018-та можете на секој чекор да очекувате подолги шишки, поделени како завеси.

Продолжете на следната страница за останатите фризури…


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар