Единствената причина зошто мажите не разбираат како функционираат љубовните врски

За мажите постојано се вели дека немаат поим кога станува збор за љубовните врски. Жените ги опишуваат како изгубени, немарни и заборавени, особено кога се работи за сериозни врски. Се верува дека мажите не се свесни за околината и не обрнуваат внимание на она што се случува околу нив. Тоа не значи дека се глупави, туку дека потсвесно одбираат на што да се фокусираат а што да занемарат. Може да се работи за најинтелигентниот научник или најуспешниот детектив на светот, но сепак да нема поим дека девојката што ја гледа секој ден во маалското кафуле е заинтересирана за него.

Единствената причина зошто мажите не разбираат како функционираат љубовните врски

Па, зошто мажите не ги разбираат љубовните знаци што им ги праќаат девојките? Психолозите сметаат дека оваа нивна маана е поврзана со начинот на кој биле воспитани. Уште во детството, мажите учат дека постојат машки и женски работи. Родителите, литературата, филмовите и образованието ги поттикнуваат мажите да мислат дека постојат работи за кои тие се одговорни и одредени работи на кои не треба воопшто да обрнуваат внимание. И токму тие работи кои мажите учат дека треба да ги игнорираат ги прават немарни и изгубени подоцна во животот.

На пример, мажите не ги учат дека треба да обрнуваат внимание на емпатијата. Тоа не е машка особина, како што е кавалерството или заштитничкиот став. Но, емпатијата е многу важна бидејќи таа ни помага да ги погледнеме работите од туѓа перспектива. Додека поголемиот дел од времето мажите мислат на тоа дека треба да бидат лидери, да го наметнат нивниот став и да не се сомневаат во себе, за жал тие не размислуваат зошто девојката од кафулето ги фатила за рака и им кажала дека се забавни.

Тоа не значи дека мажите имаат ниска емоционална интелигенција. Тие само не знаат како да ја применат таа емоционална интелигенција кога никој не го бара тоа од нив. Мажите не ги учат да поставуваат прашања кои никогаш не биле поставени.

Мажите ќе ја погледнат нивната партнерка која очигледно е налутена и ќе си помислат: „Ако нешто ѝ пречи, сигурно ќе ми каже“. Но, жените не функционираат на тој начин и очекуваат од партнерот да ја препознае емоцијата што тие ја покажуваат. Мажите се навикнати само да ги примаат информациите сервирани на тацна од страна на нивните родители, професори и авторитети. Никој не очекува од мажите да препознаваат што сакаат или како се чувствуваат другите луѓе.

Тоа одлично им одговара сѐ додека не почнат да влегуваат во комплицирани љубовни врски. Тие не можат да препознаат дали некоја девојка е заинтересирана за нив или не, дали е лута или, пак, фрустрирана. Но, сепак, тоа не значи дека треба мажите да се опишуваат со епитети како што се „заборавени“, „изгубени“ или „немарни“. За нив работите не се толку очигледни колку што изгледаат. Треба да научат колку е важна емпатијата, бидејќи тоа ќе ги поштеди од многу недоразбирања, пропуштени шанси и пропаднати врски во иднина.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар