Домашни наполитанки: Пробајте го рецептот кој ќе ги замени купечките слатки

Култните наполитанки биле омилени купечки слатки од детствата на многу луѓе. Па, ако сакате да се вратите во детството и да направите вкусен десерт кој ќе остане во сеќавање и на вашите деца, тогаш подгответе ги овие домашни наполитанки уште денес.

Домашни наполитанки: Пробајте го рецептот кој ќе ги замени купечките слатки

Потребни состојки:
  • 4 листа наполитанки
За филот:
  • 250 грама масло
  • 200 грама шеќер
  • 180 милилитри вода
  • 250 грама мелени ореви
  • 250 грама мелени интегрални бисквити
  • 100 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка:

Во лонец ставете го маслото, шеќерот и водата и мешајте на тивок оган додека состојките не се соединат. Потоа, во смесата додадете ги оревите, бисквитите и чоколадото. Повторно мешајте сè додека не добиете густ крем. Оставете малку да се излади, а потоа поделете го кремот на три еднакви делови. Премачкајте го горниот дел од наполитанките и така продолжете додека не ги поминете сите наполитанки и преостанатиот крем. На крајот, завиткајте ги во мрсна хартија и на нив ставете лим за што подобро да се стегнат. Оставете ги на ладно, а по желба, откако колачот ќе биде готов, можете да го премачкате со чоколадна глазура.

Совет: Доколку сакате да го засилите вкусот на кремот, откако ќе го направите, додајте малку сок од свеж портокал или неколку капки рум.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар