Домашни кекси за вашето милениче

Покажете му љубов на вашето четириножно милениче преку домашно испечени кекси токму за него

Домашни кекси за вашето милениче

Потребно за 20 кекси:
  • 1 шолја сенаменско брашно
  • 1/4 шолја пченица
  • 1/4 шолја квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 1/2 лажичка масло
  • 1/2 шолја пилешка супа
Начин на подготовка:
  1. Загрејте ја рерната на највисока температура. Во сад измешајте ги брашното, пченицата, квасецот и солта. Маслото ставете го во друг поголем сад. Додадете ја пилешката супа и потоа смесата со брашно, на интервали по три пати, полека мешајќи. Измешајте ја смесата убаво. На набрашнета површина, сукајте го тестото со дебелина од три сантиметри. Обликувајте кекси во форма на коска (ако имате модла во облик на коска, сега е вистински момент да ја искористите).
  2. Ако сакате, со чепкалка можете на коската да го напишете името на вашето куче, за да се испечат кексите на тој начин.
  3. Во тавче за печење наредете ги кексите, но никако не ги натрупувајте. Печете ги на најјака температура околу 10 минути. Откако ќе се испечат, исклучете ја рерната, но оставете ги внатре  да се исуштат околу час и половина.

Домашни кекси за вашето милениче

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    1/4 шолја квасец… шолја?!

    • Теодора Трповска Reply

      Да, шоља. Ќе ставиш квасец во шоља и ќе ја наполниш шољата со топла вода за да се стопи квасецот.

Остави коментар