Не ви е доволно работното време?

Не ви е доволно работното време?

Дали често ви се случува да се пожалите дека денот нема доволно часови за да си ги завршите обврските? Додека другите околу вас, во истиот рок завршуваат дузина работи повеќе, не дозволувајте вашето време да помине запрашувајќи се како тие го изведуваат тоа. Почнете да ги согледувате и поправате своите грешки, а сето тоа ќе резултира со многу поголем слободен период за социјализација и забава. Одлуката како ќе го потрошите работното време е ваша, но сепак еве неколку работи кои треба да ги земете предвид за подобра организација на денот.

Не ви е доволно работното време?

Научете да кажувате не

Една од најчестите грешки, е да прифатите задача која првично не ви била доделена вам. Научете се да кажувате не, во спротивно ќе го носите товарот кој не ви припаѓа, а вашата задача ќе тапка во место.

Дознајте ги вашите обврски

Како би можеле добро да се организирате, ако воопшто и не сте свесни колку и какви задачи треба да завршите. Направете список на се што е побарано од вас и дополнете го со вашите лични обврски. Само на овој начин секогаш ќе знаете до каде е полна чашата.

Не ви е доволно работното време?

Не дозволувајте мешање на приватниот со професионалниот живот

Обидете се чувствата од приватните работи да ги тргнете на страна. Секоја криза на персонален план доведува до дезорганизација и хаос на работното место, што се одразува на вашата ефикасност и концентрација. Тоа со сигурност нема да му се допадне на вашиот шеф.

Не се заседнувајте

Никој не вели дека секоја секунда од работното време треба да ви е перфектно испланирана и концентрирана само на работата. Но, во никој случај не си дозволувајте да се заборавите сурфајќи на интернет или муабетејќи со колегите.

Не ви е доволно работното време?

Имајте приоритети

Дали ви се случило откако ќе ви заврши работното време да сфатите дека денеска не сте завршиле ништо важно? Без разлика колку сте брзи и ефикасни, не треба да мислите дека ќе успеете да завршите сѐ на време. Секогаш акцентот на денот ставајте го на најважните и приоритетни нешта.

Довршувајте ги работите

Недовршената задача претставува дупла работа. Секогаш кога ќе започнете се нешто, завршете го пред да поминете на наредното. Не се обидувајте паралелно да вршите неколку работи, бидејќи доколку мислите дека така ќе завршите побрзо, се лажете себеси. Резултатот никогаш не е позитивен, а навраќањето и потсетувањето на претходното ќе ви одземе многу повеќе време.

Не ви е доволно работното време?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар