Десерт од соништата: Чизкејк со Нутела

Едноставен и вкусен колач кој мора да го пробате уште денес

Десерт од соништата: Чизкејк со Нутела

Потребни состојки:
  • 250 грама бисквити
  • 75 грама путер
  • 400 грама Нутела (на собна температура)
  • 100 грама препечени лешници, исечкани
  • 500 грама крем сирење (на собна температура)
  • 60 грама шеќер во прав
Начин на подготовка:

Смелете ги бисквитите во еден сад, додајте путер и една лажица Нутела и мешајте со миксер сè додека не добиете мека смеса. Додајте 75 грама исечкан лешник и мешајте сè додека не добиете смеса која наликува на мокар песок. Сипете ја добиената смеса во кружен калап и притиснете ја со прстите така што ќе ја израмните. Оставете ја да се олади во фрижидер.

Изматете го крем сирењето и шеќерот во прав со цел да добиете мазна смеса, па додајте ја преостанатата Нутела и мешајте додека не се соединат. Нанесете го кремот врз смесата со бисквити. По избор декорирајте со останатиот лешник и оставете го колачот да се олади барем 4 часа или цела ноќ. Сервирајте директно од фрижидер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар