Што ќе се случи доколку почнете врска со личност која ја знаете целиот ваш живот?

Што ќе се случи доколку почнете врска со личност која ја знаете целиот ваш живот?

Тој е вашиот најдобар пријател. Отсекогаш бил. Но, вашата врска почнала да расте и да станува многу повеќе и во моментов сте во дилема дали да му дадете шанса за нешто повеќе. Ако не сте сигурни, погледнете ги овие 10 нешта кои ќе се случат доколку почнете врска со личност која ја знаете целиот ваш живот…

Што ќе се случи доколку почнете врска со личност која ја знаете целиот ваш живот?

1. Тој веќе ве знае во најлошото светло. Вашите проблеми не се новост за него и нема да го изненадат со тек на време. Вие сте влегле во врска во која веќе целосно се познавате со партнерот и тоа може да биде голема придобивка за вашиот однос.

2. Тој е чуден на истиот начин како вас. Сте почнале да пишувате чудни песни за вселенско патување кога сте биле уморни и потоа сте се смееле без никаква причина, исто како да сте биле под дејство на алкохол? Тој го прави истото како вас. Токму ова е и една од причините зошто тој ве сака.

3. Тој веќе ги знае сите ваши несигурности. И воопшто не му пречат. Тој ги знае и вашите најдлабоки тајни и секогаш знае да ви даде совршен одговор дури и на најтешките прашања и потоа да ве бакне во чело, со цел да ви покаже дека е покрај вас.

4. Можете да разговарате како пријатели. Вие можете да му кажете едноставно сè. Сите оние нешта кои ве прават нервозни, тажни, исплашени или пак пресреќни бидејќи знаете дека тој никогаш нема да ве суди според вашите емоции. Тој ви е најголемата поддршка во вашиот живот.

5. Не мора тајно да ги истражувате неговите претходни врски. Вие веќе знаете тој со кого бил и точно што се случило меѓу нив.

6. Не мора да чекате да видите дали ќе бидете сфатени од негова страна, бидејќи тој веќе одамна разбира сè што се врти во вашата глава. Тоа е и една од причините зошто вие сте толку синхронизирани како пар.

7. Ќе се забавувате додека се заљубувате во него. Вие веќе сте го сакале како пријател и тоа се случило многу лесно, без воопшто да се трудите. Токму затоа заљубувањето во него ќе се одвива брзо, безбедно и целосно опуштено. Вие знаете дека сте на добар пат.

8. Не треба да размислувате за она што ќе го кажат неговите пријатели за вас. Вие долго време сте биле дел од неговото друштво, исто како и тој од вашето и веќе одамна сте си ги освоиле срцата на вашите најблиски пријатели. Вие ќе ја имате нивната целосна поддршка.

9. Веќе се познавате со вашите семејства. Токму затоа тие ќе бидат пресреќни кога ќе откријат дека сте заедно. Можеби дури и посреќни од вашите пријатели.

10. Едноставно знаете дека тој нема да се откаже од вас. Доколку работите станат тешки или чудни, знаете дека тој секогаш ќе биде покрај вас. Вие веќе си значите многу и нема да дозволите никој и ништо да ве раздели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар