Чудата се случуваат преку ноќ: Како да ја исправите витканата коса преку ноќ (без оштетување)?

Постои едно универзално правило – девојките со виткана коса копнеат за права коса, додека оние со права фантазираат за виткана. Денес ќе се задржиме само на девојките со виткана коса. Скоро секоја девојка која има виткана коса знае каква мака ја чека откако ќе реши да ја исправи косата. Фенирање, пеглање, разни третмани кои ја оштетуваат косата…

1-chudata-se-sluchuvaat-preku-nokj-kako-da-ja-ispravite-vitkanata-kosa-preku-nokj-bez-oshtetuvanje-www.kafepauza.mk_

Но, една девојка ни открива супер решение за тоа. Ова е еден едноставен начин на кој можете да ја скротите вашата „дива“ коса и тоа – преку ноќ! Замислете го тоа чудо, ја миете вашата коса, ја подготвувате и наутро наместо со виткана се будите со преубава права коса. Да, не сонувате! Сè што ви е потребно се неколку ластичиња и шноли за да ја зацврстите косата. Доволно зборувавме, погледнете!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар