Чоколадо со кокосово масло – здрав и превкусен десерт од само 3 состојки

Брзо, вкусно и здраво!

chokolado-so-kokosovo-maslo-zdrav-i-prevkusen-desert-od-samo-3-sostojki-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 2 лажици кокосово масло, омекнато
  • 2 лажици какао
  • ½ лажица мед
Начин на подготовка:

Во мал сад измешајте ги сите 3 состојки и мешајте додека не се поврзе сосема. За благо прилагодете по вкус со количината на медот. Излијте ја чоколадната смеса во тавче обложено со хартија за печење и измазнете одозгора со шпатула. Ставете го чоколадото во замрзнувач на 20 минути, а потоа извадете го и исечете го со нож на парчиња.

Послужете веднаш и уживајте.

Напомена:

Важно е кокосовото масло да не е сосема стопено бидејќи така какаото и маслото ќе се раздвојуваат. За мазна текстура најдобро е да користите цврсто, но омекнато кокосово масло.

Овој рецепт е неверојатно прилагодлив, па слободно бидете креативни. Додадете повеќе или помалку мед (или некој друг засладувач), парчиња кокос, сецкани бадеми, ф’стаци, сушено овошје, парчиња сирово какао… Комбинациите се бескрајни.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар