Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт

Лесно за приготвување, згодно за прилагодување

(0) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт

Потребни состојки:
  • 450 г чоколадо
  • 200 г јаткасти плодови по избор
  • 200 г суво овошје по избор
Начин на подготовка:

1. Исецкајте бело, млечно или црно чоколадо на покрупни парчиња. Во огноотпорен стаклен сад ставете три четвртини од парчињата чоколадо. Ставете го во микробранова, на средна температура, 30 секунди. Извадете го и промешајте со гумена мешалка. Потоа повторувајте ја истата постапка, сѐ додека чоколадото целосно не се истопи. Додадете го преостанатото чоколадо и мешајте за да се стопи.

(1) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт

2. Земете тавче, покријте го со хартија за печење или алуминиумска фолија и исипете го стопеното чоколадо.

(2) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт

3. Израмнете ја смесата убаво низ целата површина.

(3) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт

4. На ред доаѓаат додатоците. Посипете кикиритки, сечкани суви кајсии, брусници, индиски оревчиња или која било друга комбинација по ваш вкус.

(4) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт

5. Оставете го чоколадото да се стврдне најмалку 4 часа во ладна просторија или 30-тина минути во фрижидер. После тоа, скршете го во неправилни форми и ставете ги во тегла или погоден сад.

(5) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт

Доколку пак сакате да го подарите, на теглата врзете убава панделка, прикачете картичка и на неа напишете ги состојките за да знаат за какво слатко доживување станува збор. Бидете креативни, споделувајте и уживајте во прекрасниот десерт.

(6) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар