Чоколадни тартуфи

Ова е оној десерт што никого не може да го остави рамнодушен. Толку едноставен, лесен и премногу вкусен. Предизвикува сериозна зависност, а еден чоколаден тартуф верувајте дека нема да ви биде доволен.Чоколадни тартуфи

Потребни состојки за 30 тартуфи:
  • 175 мл слатка павлака со 45% масленост
  • 300 г темно чоколадо со над 60% чоколадна маса, растопено
  • 30 г несолен путер, растопен
  • 3 супени лажици ликер по ваш вкус
  • незасладено какао
Начин на подготовка:

Во сад ставете ја павлаката да проврие. Претходно растопеното чоколадо ставете го во павлаката. Потоа, ставете го и растопениот путер. Додадете го ликерот. Измешајте ја целата смеса. Готовата смеса претурете ја во тавче и ставете го тавчето во замрзнувач 3 часа. По три часа, извадете го тавчето со смесата. Со лажица почнете да вадите топчиња. Обликувајте ги во рака како тркалца и валкајте ги во какао. Чоколадните тартуфи ставете ги во хартиени калапи за да изгледаат поубаво (може и без нив). Најдобро е да се служат на собна температура.

Забелешка: Тартуфите може да стојат во фрижидер десет дена, без проблем.

Ако сте вешти во готвењето, може да ги декорирате со ореви, бадеми, лешници, чоколадни филови со ваши додатоци.

Чоколадни тартуфи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Баш би сакал да пробам да ги направам, но едно не ми е јасно: пишува 3часа во замрзнувач, па после да се прават топчиња. Како тоа? Смесата нема да биде здрвена ???

    • Теодора Трповска Reply

      Смесата кога ќе се направи е течна. Треба да стои во фрижидер или замрзнувач подолго време се со ТАА ЦЕЛ да се стврдне смесата, како би можеле да се направат топчиња.

  2. An4e Reply

    bas ke probam bas e lesno a i evtino

  3. Maja Reply

    Mmm, ete shto kje pravam za rodendenot…

  4. MAJK - The Chef ;) Reply

    Chocolat Truffe de Geneve… sum probal stvarno fenomenalni cokoladi (komercijalni, a boga mi i skapi i retki) ama nisto ne e tolku NENORMALNO dobro kako cokoladnite tartufi vo Mandarin Oriental vo Zeneva. Samite gi pravat, i se mn ednostavni, bez nikakvi bademi ili bilo sto. Neverojatno nesto, sea ke im poracam kutija :)

  5. Chef George Reply

    prekrasen desert..zamena za kakao moze da bide kokos uste povkusno :) mmmm

  6. bubica Reply

    dali probal nekoj da gi napravi i dali znaete kolku tartufi izleguvaat od edna doza?

  7. Moni Reply

    jas gi napraviv i izleguvaat okolu 30…namesto liker staviv rum i gi valav vo rendano kinder cokolado…i se magichni :)) prekrasni se :)

  8. saska Reply

    originalot recept e so ekstrakt od mentol,preubavi se.

Остави коментар