Тест: Кој моден тренд да го пробате оваа пролет?

Тест: Кој моден тренд да го пробате оваа пролет?

Пролетта е позната како период на промени и обнова. Тогаш цвеќињата се расцветуваат, сонцето почнува посилно и подолго да свети, а кога ќе зајде, животинскиот свет станува пожив. Слично, и во светот на модата, пролетта носи нови трендови.

Има многу трендови од кои можете да избирате и многу бутици во кои можете да си го пронајдете стилот, но повеќето од нас не можат да си го дозволат секој тренд, а и не треба. Ќе ви помогнеме да го изберете пролетниот тренд за оваа година кој најмногу би ви прилегал на стилот.Тест: Кој моден тренд да го пробате оваа пролет?

1. Кои ненеутрални бои најчесто практикувате да ги носите?

а) светли: жолта, зелена, јака розова и електрично сина

б) топли, земјени: кафена, портокалова, жолта и црвена

в) кремасти и пастелни: розова, бледо розова, пеперминт зелена и светло сина

г) сина и бела – обожавам морнарски изглед
.

2. Што обожавате да правите во своето слободно време?

а) да запознавам нови луѓе

б) да сум излезена надвор

в) да лежам дома читајќи добра книга

г) да сум во близина на вода, покрај река, на базен…
.

3. Каде најмногу сакате да купувате?

а) во ексцентрични и уникатни бутици – не сакам да носам исти алишта како другите

б) продавници за стара облека – обожавам да наоѓам уникатни парчиња кои биле хит во некое друго време

в) во дуќани каде облеката е женствена, но и уникатна

г) во големи бутици каде има голем избор на слична облека и поволни цени
Тест: Кој моден тренд да го пробате оваа пролет?

4. Каде би сакале да го искусите вашиот одмор од соништата?

а) Мароко – сакам да истражувам локалитети во странство, а ова место е богато со уметност и архитектура, сончеви плажи, егзотична храна и динамична култура

б) Сан Франциско – опуштено уметничко место, одлично за посетување музеи и дуќани со оригинална облека

в) Париз – заради Ајфеловата кула, Лувр, кафе-баровите покрај улиците и романтичноста – што повеќе некој би можел да посака?

г) Хамптон – нема ништо поубаво од ведрината на Атлансткиот брег во летниот период
.

5. Кој ви е омилен тренд на чевли за оваа пролет?

а) сандали во боја

б) сандали со дрвена платформа

в) сандали со сребрени токи

г) ниски еспадрили
.

6. Кое ви е омилено цвеќе?

а) Сончоглед

б) Бела рада

в) Хортензија

г) Роза
Тест: Кој моден тренд да го пробате оваа пролет?

7. Што најмногу сакате да правите на плажа?

а) да играм одбојка

б) да возам велосипед или ролери на патеката покрај плажата

в) да читам списание

г) да пливам, секако
.

8. Како најдобро би го опишале вашиот стил?

а) ексцентричен

б) опуштен

в) младешки

г) забавен
.

9. Кој опис најдобро ја опишува вашата омилена чанта?

а) мала чанта која се носи покрај средината на телото

б) цврста чанта како куферче, по можност со реси

в) мала текстурна чанта со кратки рачки

г) чанта со средна големина која се носи преку рамо
Тест: Кој моден тренд да го пробате оваа пролет?

Резултати:

Најмногу одговори под а): блокирање на боите

Ова е популарен тренд кој го претставија модните писти за оваа пролет. Но, боите кои ги избраа дизајнерите не се обични неутрални бои, туку смели розови, сини, зелени, портокалови и жолти нијанси. Овој тренд го одликуваат светлите бои. За да го следите како што треба, не треба да комбинирате повеќе од 3 или 4 смели светли бои. Не заборавајте дека екстра ефект можете да постигнете со некое парче накит во јака боја. Балансирајте, не дозволувајте да го одвлекувате вниманието со секое парче на себе.Тест: Кој моден тренд да го пробате оваа пролет?

Најмногу одговори под б): шик како во 70-тите

Сите знаеме дека модните трендови се вртат во циклуси, а оваа пролет, дефинитивно им дојде редот на 70-тите. Овој тренд налага носење долги здолништа и фустани, „гласни“ принтани материјали, широки комотни блузи, ѕвонасти фармерки и чевли на платформа.

Изберете светли фармерки, кои ќе ги искомбинирате со широка шарена блуза, која има слични нијанси со оние на фармерките. Чевли на дрвена платформа и некоја едноставна алка ќе го надополнат ваквиот изглед.
Тест: Кој моден тренд да го пробате оваа пролет?

Најмногу одговори под в): тантела

Тантелата е многу популарен тренд за пролетта 2011, особено онаа со крупен и уникатен дезен. Изберете тантелена сукња која изгледа како да е од 50-тите и искомбинирајте ја со класично парче кошула која изгледа како да сте ја позајмиле од вашето момче. Со оваа комбинација одат класични патичиња-чевлички, цветен прстен како детаљ и мачкасти очила за сонце.Тест: Кој моден тренд да го пробате оваа пролет?

Најмногу одговори под г): пруги

Пругите се секогаш омилени на пролет, но оваа сезона дизајнерите ги употребија на сосема поинаков начин од вообичаениот. Оваа пролет, пругите се доминантни во изгледот.

Облечете пругаста маичка за секојдневно излегување, која можете да ја искомбинирате со нагласени обетки и рамни еспадрили. Зачинете го ваквиот изглед со јаки очила за сонце.Тест: Кој моден тренд да го пробате оваа пролет?Кој резултат ви испадна? Дали омилениот тренд е во согласност со вашиот стил?

Test: Koj moden trend da go probate ovaa prolet?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар