Болка во стомакот: Мапа која открива што ви е според местото каде што ве боли

Стомакот е големо подрачје, а секоја болка може да биде предизвикана од повеќе причини – од бенигни до опасни. За подобар увид во можните последици, идентификувајте го точното место на вашата болка.

bolka-vo-stomakot-mapa-koja-otkriva-shto-vi-e-spored-mestoto-kade-shto-ve-boli-kafepauza.mk

Болката во стомакот е една од најчестите тегоби кои повремено ги погодува 90% од луѓето. Понекогаш нè плаши заради интензитетот, но самата јачина на болката не значи дека нејзината причина е сериозна и обратно – благите, но долготрајни болки може да значат хронична болест која треба да се лекува.

Ако забележите болка во стомакот, во кој било дел, која трае подолго од 2 недели, појдете на лекар за да исклучите некоја посериозна дијагноза. Причина за итна посета на лекар е и долготрајната надуеност, долготрајно повраќање, пролив и крв во столицата.

Болка во стомакот е секој вид болка која се чувствува во делот помеѓу градите и препоните. Со оглед на тоа дека стомакот зафаќа голем дел од телото, потребно е точно да се лоцира местото каде што боли за да може полесно да се открие причината. Пронајдете ја вашата болна точка на мапата и идентификувајте го нејзиното значење.

  1. Жолчни камења, чир на желудникот, воспаление на панкреасот
  2. Чир на желудникот, киселини во стомакот, лошо варење, воспаление на панкреасот, жолчни камења, епигастрична хернија (кила над папокот)
  3. Чир на желудникот, чир на дванаесетпалечното црево, опструкција на жолчните патишта, воспаление на панкреасот
  4. Камења во бубрезите, воспаление на мочните канали, запек, лумбална хернија – поместен диск во ‘рбетот
  5. Воспаление на панкреасот, рана фаза на воспаление на слепото црево, чир на желудникот, воспаление на дебелото црево, воспаление на тенкото црево, кронова болест, умбиликална хернија (папочна кила)
  6. Камења во бубрезите, дивертикуларната болест, запек, воспаление на дебелото црево
  7. Воспаление на слепото црево, запек, карлична болка – гинеколошки проблеми (ендометриоза и др.), болка во препоните – ингвинална хернија (препонска кила)
  8. Воспаление на мочните канали, воспаление на слепото црево, воспаление на дебелото црево, карлична болка – гинеколошки проблеми, дивертикуларна болест
  9. Дивертикуларна болест, карлична болка – гинеколошки проблеми, болка во препоните – ингвинална хернија (препонска кила)

Помалку сериозни проблеми

Можни се различни причинители на болки, а помалку сериозни причинители се: запек како резултат на неправилна исхрана и слабо движење, нетолеранција на одреден вид храна, гастритис како резултат на прекумерно создавање на желудочни киселини, труење со храна или желудочна/цревна вироза.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар