Ако спиете подолго за викендите, ќе се чувствувате поизморени

После напорната работна недела, повеќето луѓе едвај го чекаат викендот, за конечно да се наспијат убаво и да останат подолго време лежејќи во кревет.Ако спиете подолго за викендите, ќе се чувствувате поизморениМеѓутоа, стручњаците тоа го сметаат за погрешна навика. Наспроти популарното мислење дека во сабота и недела ќе го надоместиме потребниот сон, со тоа само го зголемуваме чувството на умор и поспаност, поради што уште потешко ќе ни биде да станеме во понеделник наутро.

Тим од истражувачи од Универзитетот „Southwestern“ во Тексас, откриле дека продолженото спиење во текот на викендот, ни го нарушува деноноќниот ритам, односно внатрешниот телесен часовник кој ни кажува кога ни е време за спиење, јадење, будење и вршење на останатите телесни функции. Тој ритам, кој се повторува на секои 24 часа, се нарушува доколку сакаме да воспоставиме поинаков циклус на спиење.

Развлекувањето на креветот во сабота и недела наутро, не е ефикасен метод за отстранување на уморот кој сме го акумулирале во текот на седмицата. Д-р Грегори Картер, кој е експерт за медицината на спиењето и еден од авторите на истражувањето, советува и во текот на викендот да си легнуваме порано во кревет и да спиеме по 8 саати, за времето на будење да ни остане исто и да не ни се наруши внатрешниот ритам.

За да го одржиме нашиот внатрешен часовник, треба и за викендите да заспиваме 8 часа пред вообичаеното време на станување.“ – објаснува д-р Картер.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар