8 начини да си го направите утрото порелаксирано

8 начини да си го направите утрото порелаксирано

Животот е хаотичен и непредвидлив. Можеби немате многу контрола врз промените што се случуваат во вашиот распоред во текот на денот, но запаметете дека утрото секогаш може да биде само ваше. Следниве 8 совети ќе ви помогнат да имате порелаксирано утро и да го започнете денот најдобро што можете…

8 начини да си го направите утрото порелаксирано

1. Почнете уште од претходната вечер

Половина од утрото обично се троши на бирање облека, пакување ручек, барање на патиките за вежбање… Целото тоа трчање наоколу ќе ве измори и пред да започне денот. Одвојте неколку минути претходната вечер за да средите сѐ и да ги наместите работите што ви требаат некаде на дофат.

2. Одберете си пријатен аларм

Никој не сака да се буди со здодевно титкање. Наместете си некој пријатен звук како на пример ѕвончиња или пеење на птици. Уште подобро е да спиете со завесите или ролетните малку подотворени за да можат да ви влезат сончевите зраци и да ви помогнат самите да се разбудите.

8 начини да си го направите утрото порелаксирано

3. Тегнете се во кревет

Пред да скокнете од кревет, одвојте неколку минути за да се истегнете. Седнете и прекрстете ги нозете. Наведнете се колку што можете повеќе и испружете ги рацете, а вратот нека ви биде спуштен надолу. Задржете ја оваа позиција 10 секунди и цело време длабоко вдишувајте и издишувајте. Повторете го ова уште еднаш со сменета положба на нозете за да ги раздвижите зглобовите и мускулите.

4. Избистрете си го умот со медитација

Веднаш штом ги отворите очите, вие почнувате да мислите на вашите обврски. Наместо тоа, земете воздух и медитирајте. Тоа ќе ви помогне да го избистрите умот и да го започнете денот посмирени.

8 начини да си го направите утрото порелаксирано

5. Туширајте се наутро

Иако некои луѓе претпочитаат да се тушираат навечер за да заштедат време наутро, ако се истуширате набрзина тоа ќе ви ги опушти мускулите и ќе ви помогне да го започнете денот свежи. Можете да користите гел за туширање со мирис на цитруси, бидејќи тој ќе ги разбуди вашите сетила и ќе ја расчисти психичката магла.

6. Не брзајте додека се подготвувате

Сигурно сте виделе голем број жени како ставаат кармин и маскара во автомобилите со устата широко отворена. Самото тоа што ги гледате ви предизвикува стрес! Подготвувањето треба да биде ритуал во кој ќе уживате и не смее да се претвори во обврска која ја презирате. Одвојте неколку дополнителни минути за да ја исчеткате косата и да нанесете руменило, не брзајте додека го правите тоа.

8 начини да си го направите утрото порелаксирано

7. Создадете си ритуал

Се сеќавате на вашиот татко кој секое утро седел на маса со огромна шолја кафе и читал весник? Тој знаел што прави. Многу е важно да имате некаков утрински ритуал кој ќе ви помогне да се опуштите пред да излезете.

8. Направете нешто инспиративно

Пуштете си ја вашата омилена песна, гледајте некој мотивационен говор, читајте книга, весник или повторете си ја вашата омилена мантра. Ова не треба да биде нешто многу тешко или да ви одземе време. Доволно е само да ви го подобри расположението и да ја разбуди вашата креативност пред да го зграпчите денот.

Прочитајте и кои ритуали треба да ги направите пред 10 часот наутро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар