7 убедливи причини зошто не треба да објавувате фотографии од вашите деца на Фејсбук

7 убедливи причини зошто не треба да објавувате фотографии од вашите деца на Фејсбук

Во ерата на социјалните мрежи многу луѓе се соочуваат со таа неодолива желба да објавуваат фотографии од нивните деца на Фејсбук за да покажат колку се тие слатки, паметни и колку се горди што се родители. Но, малкумина размислуваат дека оваа навидум безопасна активност може да предизвика опасност за нивното семејство. Секојдневно читаме за сексуални напади врз малолетници кои можат да се случат буквално секаде. Живееме во многу опасно време и добро е да се преземат некои мерки на претпазливост за да го заштитите вашето дете и да не го изложувате на дополнителен ризик.

7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на Фејсбук

Целта не е да ја нахраниме вашата параноја или да ви го наметнеме мислењето дека никогаш не треба да ги покажувате децата во јавност. Ова се само неколку предлози како да не ги преминете разумните граници на нормалата со вашето однесување на социјалните мрежи. Во продолжение прочитајте кои се тие…

1. Не ја покажувајте вашата локација кога објавувате фотографии

7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на Фејсбук

Без разлика дали се работи за нивното училиште, сала за вежбање или место каде што се дружат со другарчињата, не е добра идеја да објавувате информации кои откриваат каде е вашето дете и што прави таму. Некој може да ја искористи таа информација за злонамерни цели и да дознае каде може да го најде вашето дете.

2. Не објавувајте фотографии кои откриваат кои се хобијата и интересите на вашето дете

7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на Фејсбук

Ако некој дознае што сака да прави вашето дете, ќе му биде многу полесно да го измами и да го доведе во опасна ситуација, каде и да оди.

3. Избришете ги сите фотографии кои можат да ги откријат официјалните информации за вашето дете

7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на Фејсбук

Можеби ова ќе ви се чини очигледно, но сите сме виделе луѓе како се фалат со нивната нова виза, пасош или други важни документи кои ги добиле, обично придружено со фотографија. Кога се работи за децата, нивните официјални информации можат многу лесно да бидат искористени за да се дознае каде живеат и учат.

4. Не објавувајте фотографии од вашите деца сликани до автомобил

7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на Фејсбук

Ова повеќе се однесува за безбедноста на родителите отколку на децата. Освен тоа што на потенцијалните криминалци им нудите информации за автомобилот што го поседувате, може да си направите дополнителни проблеми. На пример, родителите на фотографијата погоре завршиле во затвор откако ја објавиле оваа слика на Интернет.

5. Никогаш не објавувајте слики од вашите деца кога се полу голи, без разлика колку слатко и невино ви изгледаат

7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на Фејсбук

Можеби вам и на вашето семејство ваквите фотографии ви изгледаат смешно и слатко, но замислите си како луѓето со одредени ментални заболувања гледаат на нив. Станува збор за една сосема поинаква перспектива на работите.

6. Не споделувајте фотографии поради кои еден ден вашите деца ќе се чувствуваат засрамено

7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на Фејсбук

Во многу семејни фото албуми има слики поради кои децата се чувствуваат комплетно омаловажено и засрамено иако тоа воопшто не била намерата на нивните родители. За многумина не постоела можноста да ги покажуваат сликите од нивните бебиња на Интернет. Така што, би требало да водите сметка во овој случај. Мора да го земете предвид фактот дека за вашите деца таквите фотографии можат да се претворат во совршен компромитирачки материјал кој ќе биде искористен за нивно задевање многу години подоцна.

7. Одбегнувајте да објавувате фотографии од вашите деца кога се со други деца

7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на Фејсбук

Пред да објавите училишна фотографија од вашето дете со неговите соученици, размислете дали на родителите на другите деца би им пречело да ја објавите фотографијата или не. Покрај сѐ, тие не се ваши деца, не се грижите вие за нив и не ќе треба вие да се справувате со негативните последици кои можат да произлезат од тоа што нивниот идентитет ќе биде откриен на Интернет.

Секогаш имајте на ум дека кога објавувате фотографии од вашите деца на социјалните мрежи, дури и кога се споделени само со вашите пријатели, тие повеќе не ви припаѓаат само вам и можат да бидат искористени од секој што може да ги види за негови цели. Бидете внимателни и безбедноста на вашите деца секогаш нека ви биде приоритет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар