7 причини зошто постарите мажи се подобар избор за љубовна врска

7 причини зошто постарите мажи се подобар избор за љубовна врска

Секоја животна доба со себе носи одредени предности и маани, додека пак секоја љубовна врска е подложна на специфични правила кои самите партнери меѓусебно ги договараат. Но, повеќето жени во врските бараат стабилност која ќе се поврзува со постарите и поискусните мажи. Откријте кои други квалитети ги поседуваат постарите мажи поради кои стануваат посакуван „материјал“ за врска…

7 причини зошто постарите мажи се подобар избор за љубовна врска

1. Постариот маж е индивидуа со висока самодоверба. Тој одамна престанал да се споредува со другите мажи, а исто така и не ги мери успехот и среќата според оние на луѓето околу него. Од истата причина тој не е ниту посесивен кон партнерката.

2. Нема да ви дава лажни ветувања доколку нешто не му одговара. Тој знае што сака во животот, на сите полиња, и како да ги добие овие нешта.

3. Знае како да го организира своето слободно време според сопствените желби бидејќи има долгогодишни хобија и добри пријатели. Токму затоа и во секое време можете да се потпрете на него за планирање љубовен состанок.

4. Постарите мажи не играат игри. Ако му се допаѓате, тој нема да се двоуми дали да ви ги каже своите чувства. Исто така ќе ви се јави кога ви ветил и ќе се види со вас кога ќе се договорите.

5. Тој не е опседнат со површните стандарди за убавина. Токму затоа и нема да му пречи ако не сте стигнале да се депилирате или пак, да одите на фризер. Покрај него можете слободно да се опуштите.

6. Постариот маж нема да паничи доколку спомнете деца. Благодарение на внуците и другите роднини тој се чувствува пријатно во нивно друштво, знае како да разговара со нив и да се погрижи за евентуалните проблеми.

7. Годините со себе носат искуство. На постарите мажи не мора да им цртате мапи во кревет, тие знаат како да ги пронајдат вашите „слаби“ точки кои ќе ве доведат до експлозија од задоволство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар