6 едноставни модни комбинации за опуштени вечерни излегувања

Како и секогаш, кога ќе започнете да се подготвувате за вечерното излегување, најголемиот проблем е што да облечете, а да изгледа убаво, модерно и во согласност со приликата. Секако, едноставното и сведеното се двете важни правила кои даваат одлични комбинации, а сигурни сме дека веднаш ќе ги засакате овие едноставни модни идеи, бидејќи тие се совршени за една опуштена вечер, но и впечатливи, а ќе го покажат и вашиот стил, моден вкус и воопшто вашиот начин на живот.

1. Иако е зима, вечерта и излегувањата ви допуштаат да се облечете малку „полесно“, односно да изберете некои полесни парчиња облека од вашиот гардеробер. Краткиот фустан со долги ракави комбинирајте го со чизми до глуждови, со помала штикла, и на овој начин ќе добиете модна комбинација која е многу удобна. Целиот изглед надополнете го со поголеми парчиња накит и кожна јакна, и спремни сте за излегување.

2-6-ednostavni-modni-kombinacii-za-opushteni-vecherni-izleguvanja-www.kafepauza.mk_

2. Искористете го сето она што е моментален тренд во модата. Широките панталони комбинирајте ги со кратки чизми и краток топ, а целата комбинација зачинете ја со долг капут. Добар моден погодок би било целата модна комбинација да биде во крем бои и нијанси, на кратко, монохроматска.

3. Веќе одамна знаеме дека кожните јакни одлично изгледаат со чипка. Едноставниот фустан со чипкасти детали, кожната јакна и високите потпетици, создаваат одлична модна комбинација која ќе можете да ја облечете каде било, без разлика дали ќе одите на дружење со пријателите, состанок со момчето или излегувањето во некој клуб. Ќе изгледате совршено!

4-6-ednostavni-modni-kombinacii-za-opushteni-vecherni-izleguvanja-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за останатите 3 модни комбинации…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар