5 знаци дека вашето дете има стара душа

5 знаци дека вашето дете има стара душа

За сите мајки најголема радост е кога гледаат како нивното дете се развива во посебна личност со сопствен карактер. Но, нема ништо посмешно и поинтересно од тоа кога ќе сфатите дека вашето 3-годишно дете се однесува како да има 80 години. Следуваат 5-те највидливи знаци дека вашето дете има стара душа…

5 знаци дека вашето дете има стара душа

1. Претпочита книги наместо екрани

Без разлика колку пати му пуштате песнички и цртани на лаптоп во текот на денот, погледот на вашето дете секогаш лута на друго место: Кон полиците со книги. Сигурно постојано бара од вас да му читате пред спиење, но наместо да заспие, тоа само уште повеќе се возбудува и со нетрпение го чека крајот на приказната.

2. Не му пречи да поминува време само

Децата кои имаат стара душа знаат како самите да се занимаваат. Тоа не значи дека тие не се согласуваат со другите деца или со нивните браќа и сестри, но не им пречи сами да си играат со лего коцки или со барбики.

3. Има посебна врска со баба му

Кога баба ќе дојде кај вас на гости, тоа е исто како да дошла некоја позната личност. Всушност, децата кои имаат стара душа повеќе се дружат со возрасни отколку со нивни врсници. Тоа е така затоа што им треба смиреност и сакаат да разговараат на интересни теми.

4. Многу е сочувствително

Да речеме дека сте си го удриле прстот и сте офнале. Детето со стара душа ќе престане со играње и ќе дојде да ве утеши. Можеби ќе ви ја понуди неговата омилена играчка или ќе ве бакне таму каде што ве боли. Овие едноставни дела се знак на неговата сочувствителност за туѓите емоции и болка.

5. Одговорно е и независно

Иако вашето дете има само 5 години, вам ви делува како да може да управува со сите други деца во домот и тоа е вистина. Тоа знае да преземе одговорност и сосема добро се снаоѓа само.

Во продолжение дознајте дали имате стара душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар