5 ситуации во кои треба да јадете повеќе сол

Поголемиот дел од луѓето консумираат доволна количина сол, ако не и повеќе од препорачаните 2.300 милиграми дневно. Но, постојат ситуации во кои дури би било препорачливо да консумирате повеќе сол, секако во консултација со вашиот доктор.

1-5-situacii-vo-koi-treba-da-jadete-povekje-sol-www.kafepauza.mk_

1. Се занимавате со вежбање со голем интензитет

Вежбачите кои се занимаваат со интензивно вежбање подолго време, еден час секојдневно или повеќе, можеби понекогаш ќе треба да го зголемат внесувањето натриум. Заради големото физичко напрегнување може да дојде до хипонатремија, односно намалена концентрација на натриум во крвта, што може да предизвика вртоглавица, главоболка, чувство на збунетост, слабост и замор.

Иако не се случува често, хипонатриемијата може да предизвика и претерано потење, односно претерано внесување вода за да останете хидратизирани, а изгубениот натриум не се надополнува. Ако само што сте го завршиле напорното вежбање во кое претерано сте се испотиле или ако во текот на тренингот сте почувствувале некои од горенаведените симптоми, консумирањето солена храна може да му помогне телото да заздрави.

2. Патите од нефропатија

Нефропатија е болест на бубрезите заради која организмот не може да ја одржува правилната количина натриум. Кај оваа здравствена состојба пациентите губат премногу сол од урината, поради што мораат да внимаваат на тоа да внесуваат доволна количина сол. Доколку не се внимава, може да дојде до веќе спомнатата хипонатриемија. Во тој случај посетете го вашиот доктор.

2-5-situacii-vo-koi-treba-da-jadete-povekje-sol-www.kafepauza.mk_

3. Земате диуретици

Некои видови лекови, диуретиците особено, може да предизвикаат неурамнотеженост на минералите во телото со зголеменото мокрење. Диуретиците честопати се препишуваат за хипертензија, односно за зголемен крвен притисок, а консумирањето премногу сол може да претставува ризик за луѓето со висок притисок. Сепак, постојат ситуации во кои некој кој зема диуретик треба да консумира повеќе сол за да се доведат хранливите состојки во организмот во рамнотежа.

4. Вие сте постара личност и размислувањето ви е „замаглено“

Кај постарите личности, особено оние над 80 и повеќе години, мозочната активност може да се подобри со внесување сол. Истражувањата докажале дека постарите личности кои внесувале поголема количина сол покажале подобри резултати на тестовите за мозочни активности од оние кои внесувале помалку сол. Но, експертите предупредуваат дека станува збор за прелиминарно истражување, односно пред зголеменото внесување сол би требало да се консултирате со вашиот доктор.

5. Патите од Бартеров синдром

Станува збор за ретко нарушување до кое доаѓа заради генетски абнормалности и кое може да влијае на способноста на бубрезите да ја преработат солта која сте ја консумирале. Може да се случи премногу натриум да заврши во урината, а недоволно во телото. Симптомите на Бартеров синдром вклучуваат сѐ, од повраќање и претерано чувство на жед, до претерана потреба за сол. Потребно е да се консултирате со доктор пред да го зголемите внесувањето на солта.

3-5-situacii-vo-koi-treba-da-jadete-povekje-sol-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар