10 причини зошто не можете да го преболите поранешниот партнер

10 причини зошто не можете да го преболите поранешниот партнер

Повеќето луѓе закрепнуваат по крајот на врската, особено ако одлуката за разделба е обострана. Тие учат од нивните грешки, наоѓаат утеха кај семејството и пријателите и по некое време ѝ се посветуваат на друга врска. Но, приказната е поинаква ако едниот партнер си замине, а другиот е сè уште приврзан.

10-prichini-zoshto-ne-mozhete-da-go-prebolite-poraneshniot-partner-kafepauza.mk

Некои луѓе чувствуваат бескрајна тага, песимизам и страв дека никогаш повеќе нема да се вљубат. Доколку се наоѓате во ваква ситуација, погледнете кои се одликите кои не ви дозволуваат да го заборавите партнерот кој ве напуштил и да продолжите понатаму.

1. Несигурност

Нормално е луѓето да се чувствуваат несигурни кога постои закана да изгубат нешто што им е важно. Нивната удобност е нарушена од непредвидливата закана и повеќето луѓе развиле одбранбен механизам кој им помага да ги надминат чувствата на тага и страв. Со текот на времето тие успеваат да продолжат понатаму. За жал, некои луѓе потешко го доживуваат тоа, особено ако биле напуштени повеќе пати. Тие се чувствуваат беспомошно и безнадежно, а нивната болка е посилна од секоја надеж дека ќе им биде подобро.

2. Посветеност

Кога луѓето мислат дека конечно го пронашле „вистинскиот“, и тогаш партнерот ги напушти, тие ќе мислат дека никогаш нема да имаат таква врска. Овие луѓе секогаш сонувале за посебен партнер на кој можат да се потпираат. Но, многу често кај нив постои страв за тоа дали партнерот го мисли истото. Кога сметаат дека оваа врска е вистинска, тие вложуваат сè во неа со надеж дека засекогаш ќе бидат заедно. Но, поради ова ги игнорираат знаците за предупредување од другиот партнер.

3. Трауми од напуштање од детството

Ако децата биле сведоци на напуштање, многу е веројатно да им биде тешко да веруваат некому. Нивната несигурност често ги прави возрасни кои се плашат премногу од неизбежниот крај на врската. Овој страв многу често е фрустрирачки за личностите кои се обидуваат да ги сакаат. Многу често се обесхрабруваат и сами ја напуштаат врската со тоа повторно преживувајќи ја траумата од детството.

4. Страв од осаменост

Ако некоја личност се плаши дека никогаш нема да биде сакана, таа е во можност да трпи омаловажување, злоупотреба и лошо однесување само за да биде во врска. Ако ситуацијата е ваква, можни се два резултати – партнерот ќе се чувствува премногу виновен за да остане во врската, или ќе остане во врска додека истовремено бара некој подобар.

5. Потпирање на партнерот за сопствената вредност

Опасно е за кој било партнер да му дозволи на другиот да ја дефинира неговата вредност. Ако партнерот одлучи да стави крај на врската, другата личност ќе остане само со негативната слика за себе. Таа постојано ќе ги бараат своите грешки, своите недостатоци и ќе смета дека никој друг не може да ја сака.

6. Страв од неуспех

Постојат луѓе кои буквално се преплашени од каков било неуспех, а овде спаѓаат и врските. Тие ќе дадат сè од себе и не можат да се соочат со тоа дека нивните напори можеби нема да успеат. Многу често претерано реагираат во врските и се фокусираат и на најнепотребните работи.

7. Романтични фантазии

Успешните врски не се романтични како во приказните. Иако секоја врска почнува со заеднички работи, со текот на времето се откриваат разликите кои мора да се надминат. Луѓето кои се потпираат на романтичните фантазии се приказна за себе. Тие сакаат да му бидат сè на партнерот и кога ќе се појави некој проблем го гледаат само како привремена пречка и не го сфаќаат сериозно. Во ваква врска, многу често другиот партнер ќе почне да бара нешто пореално.

8. Бесмртна љубов

Постојат луѓе кои сметаат дека љубењето на еден партнер е големо достигнување и се гордеат со тоа што не се откажуваат, дури и кога врската завршила. Тие се држат до верувањето дека љубовта некогаш била многу убава и подготвени се да чекаат засекогаш за да им се врати партнерот. Желбата да му останат верни на некој кој ги напуштил не им дозволува да продолжат со животот. Секој нов партнер го гледаат како бледа копија на љубовта на нивниот живот.

9. Една заедничка работа

Понекогаш партнерот наоѓа некој друг кој е совршен во една важна област. Остатокот од врската можеби не е најдобар, но убавината во само таа област ги исполнува. Поради ова, тие ги стеснуваат своите идни можности. Откако ќе бидат одбиени тие се фокусираат само на тоа да го вратат партнерот и подготвени се да жртвуваат сè.

10. Демнење

За жал некои луѓе не можат да се откажат од партнерот без разлика што врската одамна е завршена. Дури и ако поранешниот партнер ги избегнува, игнорира па дури и понижува, тие нема, и не сакат да се откажат. Постојат неколку причини зошто луѓето се повредуваат на овој начин. Можеби чувствуваат дека немаат каде да одат. Или пак сметаат дека нема веќе никогаш да пронајдат некој добар за нив. Или пак секогаш одбираат партнери кои не можат да ги сакаат исто и никогаш не го прифаќаат тоа. Ако болката е преголема, тие може да го демнат, казнуваат или да му пречат на партнерот без можност да престанат да ја бркаат завршената врска.

Штом ќе сфатите зошто ви се случуваат овие работи, ќе ви биде полесно да ги надминете и во иднина ќе избирате подобри партнери. Треба да се соочите со вистината на врските и да бидете свесни дека секоја врска може да заврши. Станете посилни и полесно поминувајте низ разделбите.

Овој тест ќе ви помогне да откриете дали уште сте опседнати со бившиот парнтер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар