11 работи што се случуваат кога ги криете вашите вистински емоции

11 работи што се случуваат кога ги криете вашите вистински емоции

Потиснувањето на емоциите не е ефективен начин на справување со проблемите и тоа никогаш нема да ви помогне. Ако ги криете вистинските чувства и се обидувате да ги маскирате емоциите, тоа само ќе ви предизвика внатрешна поделба и силна бура што нема да можете да ја победите. Нема да се справите со нештата што ве измачуваат, ако се преправате дека сѐ е во ред. Бидете искрени со себеси и не се обидувајте да бидете нешто што не сте. Ако сте разочарани, кажете му го тоа на лицето што ве разочарало. Ако сте среќни, бидете среќни. Постојат 11 работи што се случуваат кога ги криете вашите вистински емоции за кои веројатно не сте ни свесни. Прочитајте за што станува збор…

11 работи што се случуваат кога ги криете вашите вистински емоции

1. Се претворате во груба верзија од себе

Се присилувате себеси да создадете груба надворешност. Се плашите дека другите ќе дознаат како навистина се чувствувате и се обидувате да глумите. Треба да знаете дека на овој начин ги уништувате вашите врски во животот.

2. Се повлекувате

Станувате поинтровертни. Не сакате толку често да бидете опкружени со луѓе, бидејќи мислите дека никој не ве разбира. Но, тоа се случува, бидејќи вие не им дозволувате да ве разберат.

3. Престанувате да се грижите за себе како што треба

Си дозволувате да пропаднете. Толку многу ги потиснувате емоциите што станувате несреќни, а не сте сигурни зошто. Ова мора да престане!

4. Се обидувате постојано да бидете зафатени

Постојано си давате сѐ повеќе и повеќе обврски, бидејќи мислите дека на тој начин ќе исчезнат вашите мисли, но тоа нема да се случи. Не можете да се ослободите од потиснатите емоции со работа. Скриеното емоционално измачување е најлошото нешто што можете да си го направите себеси.

5. На сите им кажувате сте добри

Се преправате дека сте добри. Кога некој ќе ве праша како сте, никогаш не го кажувате она што ви лежи на душата. Тоа е ваша вина. Луѓето не можат да ги препознаат вашите лаги.

6. Се преправате дека сте среќни

Почнувате да глумите и ги наведувате останатите да помислат дека сте среќни, иако не сте. Вие сте истоштени и исцрпени и ви треба да се ослободите од потиснатите емоции. Сѐ додека не се соочите со вашите чувства, нема да можете да бидете среќни.

11 работи што се случуваат кога ги криете вашите вистински емоции

7. Го користите хуморот како бегство

Бегате од вашите вистински емоции и кога чувствувате дека ќе прснете, почнувате да се шегувате. Секогаш ги претворате проблемите во шеги. Смеата ви го одвлекува вниманието, но само за момент.

8. Одбивате да разговарате

Нема да разговарате без разлика колку ви е тешко. Одбивате да ги прифатите овие емоции и тие ве прогонуваат. Разговорите не се толку тешки колку што мислите.

9. Одбивате да ги споделите вашите грижи

Не ги споделувате вашите грижи со никого, дури ни со најблиските пријатели и семејство. Никој нема пристап до вашиот вистински свет. Ако живеете на ваков начин, никогаш нема да можете да се вклопите. Вашите сакани со задоволство би ви помогнале, само ако им дозволите да го сторат тоа.

10. Станувате почувствителни

Секогаш кога некој ќе ве разочара, вашата болка станува посилна. Не се справувате со ниту една ваша емоција и затоа нештата се влошуваат. Така делува потиснувањето на емоциите.

11. Експлодирате на крајот

Порано или подоцна вашата емоционална чаша ќе се наполни и нема да има место за други емоции. Тогаш ќе експлодирате и сите околу вас ќе помислат дека сте го изгубиле разумот. Не дозволувајте да дојде до ова!

Во продолжение прочитајте што се случува со вашето тело кога потиснувате интензивни емоции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар