5 предупредувачки знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц

Во зимските месеци добро е да имаме појак имунитет за да се одбраниме од вирусите и бактериите. Затоа е потребно да внесуваме што повеќе витамини и минерали. Витаминот Ц е една состојка која можеме да ја пронајдеме во повеќето прехранбени производи, а експертите велат дека тој се наоѓа во скоро сите овошки и зеленчуци. Но, иако е достапен во природата и нашето тело одлично го прифаќа, сепак лошите животни навики и нездравата исхрана без хранливи состојки можат да доведат до недостаток на витаминот Ц, а со тоа и до несакани здравствени проблеми.

5 предупредувачки знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц

Витаминот Ц е од витална важност за нашиот имунитет, ја прави кожата да изгледа здраво и меко, а помага и при брзото заздравување на раните. Тој е важен и за коските, бидејќи без него телото не може да го прифати железото и одредени протеини кои се многу потребни за здравите крвни жили, лигаменти и тетиви. Во продолжение прочитајте ги 5-те знаци кои предупредуваат дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.

1. Постојано чувство на психички и физички замор и исцрпност.

2. Промени на расположението проследени со беспричинска лутина и нервоза.

3. Пад на имунитетот поради што телото не може да се избори против вирусите, бактериите и другите лоши микроорганизми кои предизвикуваат инфекции и алергии.

4. Крвавење на непцата, расипување на забите и промена на нивната боја.

5. Појавување на модрици на телото без некоја оправдана причина.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар