5 нешта во љубовната врска кои не треба да ви бидат важни кога станува збор за него

5 нешта во љубовната врска кои не треба да ви бидат важни кога станува збор за него

Овие правила особено важат за новите врски, каде што партнерите сè уште се во фазата на запознавање. Доколку ги следите и разговарате за нив, тогаш постојат големи шанси да поставите цврста основа за вашата врска од која понатаму може да произлезе нешто неверојатно. Погледнете ги следниве 5 нешта за кои воопшто не треба да се грижите…

5 нешта во љубовната врска кои не треба да ви бидат важни кога станува збор за него

1. Мислењето на вашите пријатели за него – Никогаш не е лошо да чуете туѓо мислење, но тоа не треба да биде поважно од вашето. На крајот од денот, вие најдобро знаете каков е тој, бидејќи поминувате најмногу време со него. Исто така, вистинските пријатели никогаш не би ви вршеле притисок, туку само би ве предупредиле доколку имаат, според нив, оправдана причина.

2. Неговиот изглед – Висина, тежина, начин на облекување, тетоважи… Можеби тој воопшто не е ваш тип, но го има „тоа нешто“ кое едноставно ве привлекува. Фокусирајте се на тоа, бидејќи ништо друго не е важно. Тој не мора да изгледа по сите ваши стандарди за да имате одлична љубовна врска. Никогаш не го заборавајте тоа.

3. Бројот на девојки кои ги имал пред вас – Минатото си има своја дефиниција која не треба да ја заборавате. Едноставно нема потреба да ги враќате во живот сите оние нешта кои живеат во минатото. Вие сте неговата сегашна девојка, а не некоја од неговите бивши и тоа се случува поради цврсти причини.

4. Неговите финансии – Дали тој ве прави среќни? Дали се чувствувате сакано покрај него? Почитувано? Ако одговорот е потврден, тогаш висината на неговата плата ни најмалку не треба да влијае врз тоа дали ќе бидете заедно или не. Единственото нешто што е важно е тој да има цел и истата да настојува да ја оствари, ништо повеќе и ништо помалку.

5. Заеднички интересирања – Дали е навистина добро ако сите ваши интереси вон врската се вклопуваат? На тој начин, вие не би имале ништо што би можеле самите да го направите, а веќе знаете дека ако поминувате премногу време заедно, тоа може негативно да се одрази врз вашиот однос. Исто така, различните интересирања можат многу да ви ги прошират и вашите видици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар