5 модни комбинации за поголема самодоверба на интервју за работа

Како и да погледнеме, сѐ се врти околу самодовербата. Кога се чувствувате самоуверено, целиот свет е ваш и ништо не може да ви застане на патот. А, тоа моќно чувство го сакате секогаш и секаде, особено на разговорот за работа. Интервјуто што може да ви ја донесе работата од соништата е само по себе стресно, без воопшто да размислувате што се случува со вашата самодоверба и каде таа исчезнала. Бидејќи сме жени, лесно можеме да ја поттикнеме самодовербата, а клучот се крие во добрите модни комбинации и шминката. За да ја поправите вашата самодоверба дури и во исклучително напнатите ситуации како што е разговорот за работа, ќе ви биде доволно само малку да се средите, но во онаа мера во која ќе се чувствувате пријатно и како вие. Затоа ние за вас подготвивме неколку модни комбинации кои ќе ја подигнат вашата самодоверба и ќе направат да изгледате отмено и елегантно.

1-5-modni-kombinacii-so-koi-kje-dobiete-dopolnitelna-samodoverba-na-intervjuto-za-rabota-www.kafepauza.mk_

1. Доколку начинот на облекување во фирмата во која аплицирате е кежуал, тогаш секогаш можете да си поиграте со молив здолниште и кошула со принт. Формално, но не претерано строго. Професионално, но и женствено. Малку дискретен накит и срдечна насмевка на лицето – сигурни сме дека ќе ја добиете таа работна позиција.

2-5-modni-kombinacii-so-koi-kje-dobiete-dopolnitelna-samodoverba-na-intervjuto-za-rabota-www.kafepauza.mk_

2. Кога ќе посакате да изгледате како вистинска шефица, но истовремено да бидете и елегантно и стилски облечени, тогаш одлучете се за едноставна комбинација во монохроматски стил која вклучува бели панталони, бела блуза и сако кое ќе отскокнува од целата комбинација. Додајте и неколку класични бизнис детали како што се рачен часовник и класични високи потпетици и ќе бидете успешни на разговорот исто колку што и добро изгледате.

3-5-modni-kombinacii-so-koi-kje-dobiete-dopolnitelna-samodoverba-na-intervjuto-za-rabota-www.kafepauza.mk_

3. Ако вашата идна фирма дозволува малку екстраваганција во модна смисла, дозволува да ги следите трендовите и да им покажете она што сте, тогаш е јасно – облечете го вашиот омилен летен фустан и „зачинете“ го со кожна јакна во моторџиски стил. Со јакната комбинирајте и сандали и интересна модерна чанта и подготвени сте да ги освоите сите кои ќе се најдат пред вас. Одите на разговор за работа во фирма која припаѓа на модната индустрија? Оваа модна комбинација е полн погодок.

4-5-modni-kombinacii-so-koi-kje-dobiete-dopolnitelna-samodoverba-na-intervjuto-za-rabota-www.kafepauza.mk_

4. Ако сакате модни комбинации кои се строго работни, но не сакате целосно да ја избегнувате модата и трендовите, одлучете се за комбинација која вклучува класични панталони и бела кошула, а „јагодата на шлагот“ нека биде долгото сако или некој ултра модерен елек. Со оваа комбинација ќе покажете дека и тоа како го познавате бизнис дрес кодот, но и актуелните трендови. Силна и самоуверена жена – тоа сте вие!

5-5-modni-kombinacii-so-koi-kje-dobiete-dopolnitelna-samodoverba-na-intervjuto-za-rabota-www.kafepauza.mk_

5. Ако се борите за навистина посебно место во светот на уметноста во која било смисла, покажете што сѐ умеете со вашата оригиналност и незаборавна модна комбинација. Држете се до неутралните бои, но нека вашите парчиња облека бидат со интересен крој. Нека вашата комбинација биде едноставна, но сепак прекрасна. Оставете впечаток кој нема толку лесно да се заборави.

6-5-modni-kombinacii-so-koi-kje-dobiete-dopolnitelna-samodoverba-na-intervjuto-za-rabota-www.kafepauza.mk_

Прочитајте ги и најважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досега!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар