3 необични начини за зголемување на човечката енергија според Никола Тесла

На човечките суштества им е потребна енергија. Го живееме животот обидувајќи се да ја „спасиме“ нашата енергија и сме во постојана битка помеѓу продуктивноста и заморот. Секогаш кога треба да сработиме нешто повеќе се чувствуваме заморно и едвај чекаме тоа нешто да заврши.

3 необични начини за зголемување на човечката енергија според Никола Тесла

Што и да правите во животот што прави да се чувствувате добро и да уживате е психолошки одговор кој ви покажува како да ја зачувате вашата енергија. Поради ова, вашите тело и ум секогаш потсвесно ја одбираат опцијата за помал отпор. Имањето повеќе енергија резултира со подобра моќ над вашите ум и тело. За да ја подобрите вашата интелигенција и свест, потребно е да ја зголемите вашата енергија. Веројатно се прашувате кој е изворот на оваа енергија, а Никола Тесла се обидел да го објасни тоа. Тој го открил главниот и најважниот извор на човечката енергија и открил начин и како истата да ја зголемиме. Изворот е сонцето кое е нашата движечка сила и го „напојува“ целиот живот. Според Никола Тесла постојат 3 начини на кои можете да ја зголемите вашата енергија.

1. Зголемување на човечката маса

Со ова Тесла препорачува да се јаде повеќе храна која е поблиску до сонцето. Овошјето и зеленчукот кои ги консумираме содржат СНО молекули кои се произведени од растението. Па енергијата што ја консумираме од нив ја користат растенијата за да ги спојат овие молекули. Овие молекули се произведени по пат на фотосинтеза, па на тој начин додавате маса со подобар квалитет. Од друга страна, ако јадете месо, вие консумирате СНО молекули од „втора рака“. Односно, консумирате веќе консумирани молекули, бидејќи тие настануваат само при процесот на фотосинтеза. Консумацијата на храна од втора рака е една од главните пречки во нашата еволуција кон поинтелигентен и подобар вид. И Никола Тесла бил вегетаријанец, а веројатно сега ви е јасно зошто.

2. Намалување на силата што ја хендикепира човечката маса

Силата што го забавува движењето на човекот нанапред е делумно фрикционална, делумно негативна. Ова значи дека силата на триење ќе резултира само во губење енергија, без разлика каде е насочена. Од друга страна, негативната сила може да биде претворена во позитивна и да предизвика зголемување на човечката енергија доколку е насочена во правилна насока.

Ова може да се објасни со одржување рамнотежа помеѓу нашите таленти и недостатоци. Користете ги вашите недостатоци со тоа што ќе создадете мир помеѓу вашата „темна“ и „светла“ страна и ќе ги споите кон заедничка, поголема цел. Ова ќе го постигнете следејќи ја вашата љубопитност, учејќи нови работи и борејќи се против незнаењето за универзумот околу нас. Пронајдете мир и отстранете ја силата на триење во вас и околу вас.

3. Зголемување на силата што ја движи човечката маса

Третиот чекор е можеби и најважниот. Можете да ги направите претходните чекори трошејќи повеќе енергија на ефикасен и продуктивен начин. Но што кога нема да можете да работите веќе? Кога повеќе луѓе ќе ја спојат својата енергија и заедно ќе работат кон една цел, ќе се постигнат подобри резултати со помалку енергија. Односно ќе има зголемување на заедничката енергија. Енергијата што ја создаваме останува во универзумот. Енергијата е вечна во место каде што речиси ништо друго не е. Вашата енергија, без разлика каква е или каде ќе ја потрошите, засекогаш останува во универзумот. Поради тоа важно е да ја фокусирате вашата енергија. Кога трошите енергија во една насока, со текот на времето таа се акумулира, па ќе ви биде потребно помалку за да постигнете повеќе. Замислете што сè би постигнале ако сите се фокусираме на чистење на Земјата или запирање на гладот?

Заклучок

За да ја добиете енергијата од вистинските извори значи да добиете повеќе енергија од помалку. Никогаш не престанувајте да учите, фокусирајте се кон една цел во вистинската насока и со текот на времето ќе постигнете повеќе со помалку труд.

Прочитајте ги и овие 7 лекции од Никола Тесла за подобар живот!



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар