5-минутна здрава навика: Масирајте ги вашите уши и добијте повеќе енергија

Кога луѓето се премногу зафатени и немаат време за одмор, тие најчесто како лек за заморот посегнуваат по кафето. Но, доколку сакате да го намалите внесувањето на кофеин, постои подобар начин за опуштање. Станува збор за масирање на ушите. Иако ви звучи чудно, масирањето на ушите е практика која со векови се практикува во традиционалната кинеска медицина. Па, наредниот пат кога ќе се почувствувате уморно после ручекот, ставете ги заедно палецот и показалецот и нежно тријте ушите.

Петминутна здрава навика: Масирајте ги вашите уши и добијте повеќе енергија

Зошто функционира тоа?

Источната медицина вели: Тоа предизвикува енергијата да тече низ вашите меридијани (исто така познати како енергетски канали во вашето тело). Западната медицина вели: Тоа ги стимулира рефлексните центри во мозокот затоа што ушите се преполни со нервни завршетоци. Па, зошто да не? Погледнете кои чекори ги опфаќа оваа постапка.

Постапка за масажа на ушите

Чекор 1: Наместете се удобно. Седнете во удобна положба, или легнете ако имате можност за тоа. Тргнете ја косата подалеку од вашите уши и започнете со нежно масирање, почнувајќи од ушните ресички, па сè до врвот кој ги допира вашите слепоочници. Истовремено со прстите масирајте го и скалпот.

Чекор 2: За да се ослободите од напнатоста и да си помогнете во лекување на главата и вратот, нежно притиснете ги вашите меки, меснати делови од ушите, помеѓу палците и првите два прста. Движете се кон рамената, лактите, зглобовите, стапалата и глуждовите, фокусирајќи се на масажата по должината на рабовите на ушите, така што нежно ќе ги притискате.

Чекор 3: Нежно притиснете ги со палците наборите на вашето надворешно уво и масирајте со кружни движења. Надворешните делови на ушите се поврзани со вратот, колковите, колената, долниот дел на грбот и карлицата.

Чекор 4: За масирање на внатрешниот орган, што ќе ви помогне да го контролирате гладот, ставете ги палците во центарот на увото, но не директно во ушните канали. Масирајте така што нежно ќе притискате и фокусирајте се на различни точки во центарот на увото.

Чекор 5: Ставете ги палците во центарот на вашите уши и лесно повлечете ги нагоре кон косата. Додека го правите ова, масирајте со кружни движења.

Завршете ја оваа масажа така што ќе ги покриете ушите со дланките на рацете. Движете ги рацете во кругови и масирајте го скалпот додека се релаксирате.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар