7 точки на притисок што ќе помогнат да се смири бебето и да се отстрани непријатноста

7 точки на притисок што ќе помогнат да се смири бебето и да се отстрани непријатноста

Многу мајки знаат дека ако бебето е болно или нерасположено, нежната масажа може да му помогне да се смири. Бебињата се особено чувствителни на пријатен допир и на нежна стимулација на точките на притисок во стапалата, а тоа може да направи чуда за здравјето на вашето бебе. Следете ги препораките на педијатарот и ќе откриете дека масажата на стапалата може да биде одличен додаток во вашата дневна рутина со вашето бебе.

1. Никнување заби

7 точки на притисок што ќе помогнат да се смири бебето и да се отстрани непријатноста

Ако на вашето бебе му никнуваат заби, нежно масирајте ги врвовите на прстите за да ја смирите болката. Точките што одговараат на горната и долната вилица и на забите се наоѓаат под зглобовите на прстите. Вршењето притисок врз прстите на нозете е природен лек за болка во забите.

2. Течење на носот

Триење на прстите на бебето може да помогне во шмркањето со носот. Главната точка што одговара на синусите се наоѓа на врвот на стапалото. Со нежно масирање на ова место, можете да му помогнете на вашето бебе и да му ги олесните симптомите на настинка и болка во синусите.

3. Болка во градите

7 точки на притисок што ќе помогнат да се смири бебето и да се отстрани непријатноста

Ако вашето бебе се бори со болка во градите, обидете се со нежно масирање на самото место под трите средни прсти. Можете да го притиснете со палците и да го масирате горе-долу. Исто така, може да се обидете да ги обвиете двете раце околу стапалото на вашето бебе и нежно да ја притиснете таа област со палците.

4. Вознемирен стомак

Масирањето на средниот дел од стапалото на вашето бебе може да помогне при грчеви и непријатност во стомакот. Лесната масажа на центарот на стапалото е природен начин за ублажување на болката во стомакот.

5. Лошо варење на храната

7 точки на притисок што ќе помогнат да се смири бебето и да се отстрани непријатноста

Нежната масажа на стапалата може да му помогне на вашето бебе при дигестивни проблеми. Вршењето лесен притисок на точката лоцирана на растојание од 4 прста од палецот може да ги олесни варењето на храната, болките во стомакот и гадењето.

6. Гасови

7 точки на притисок што ќе помогнат да се смири бебето и да се отстрани непријатноста

Масирањето на стапалата на вашето бебе може да биде одлично решение ако има гасови. Стимулирање на точката лоцирана помеѓу палецот и вториот прст може да ги ублажи гадењето, повраќањето и надуеноста.

7. Запек

7 точки на притисок што ќе помогнат да се смири бебето и да се отстрани непријатноста

Според едно истражување, масажата на стапалата може да го олесни запекот. Лесно тријте ја петицата на бебето ако има болки во стомакот. Овој дел од стапалото е поврзан со стомакот и може да ги ублажи проблемите со запекот.

Прочитајте како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар