5 добри причини да почнете да пиете чај од хибискус

Покрај алтернативната медицина, денес хибискусот се користи и во козметичката индустрија, како и во готвењето. Од ливчињата се подготвува кисел црвен чај, кој е големо складиште на витамини и корисни микроелементи. Интересно е што историјата на хибискусот датира од пред неколку илјадници години на истокот. Во далечното минато се сметал за лек за поголемиот дел од болестите и го нарекувале „фараонски пијалак“. Медицинските својства на оваа билка се многу ценети и се користат за лекување разни болести. Еве кои здравствени придобивки ќе ги добиете доколку редовно пиете чај од хибискус.

2-5-dobri-prichini-za-da-zapochnete-da-piete-chaj-od-hibiskus-www.kafepauza.mk_

1. За здравје на срцето

Чајот од хибискус помага во јакнењето на ѕидовите на крвните садови и ја регулираат нивната пропустливост. Хибискусот, исто така, го намалува крвниот притисок.

2. За стомак

Ливчињата хибискус имаат позитивни дејства врз дигестивниот систем и црниот дроб. Чајот не им се препорачува на личностите со гастритис заради високото ниво на киселост.

3. За имунитет

Витамините и елементите кои се наоѓаат во хибискусот го подобруваат имунитетот, ја заголемуваат отпорноста на телото од настинки и ја намалуваат нервозата.

1-5-dobri-prichini-za-da-zapochnete-da-piete-chaj-od-hibiskus-www.kafepauza.mk_

4. За чистење

Хибискусот има благо лаксативно дејство и покрај тоа што го подобрува варењето, истовремено ја нормализира и столицата.

5. За гаснење жед

Хибискусот стана популарен во арапските земји заради своите способности брзо да ја изгасне жедта.

Чајот од хибискус е вкусен пијалак, и топол и ладен. Овој чај се подготвува како и секој друг: 1 лажичка цветови се преливаат со 120 милилитри топла вода, а потоа се додава шеќер или мед по вкус.

Доколку не сте големи љубители на чајот од хибискус, тогаш изберете некој друг вид. Ние ви предлагаме да ги откриете корисните придобивки од црниот чај за кои сигурно не сте чуле досега.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар