Корисни придобивки од црниот чај за кои сигурно не сте чуле досега

Дали го започнувате вашиот ден со шолја кафе или чај? Сигурно сте слушнале аргументи за и против и дека црниот чај може да биде штетен доколку се консумира секојдневно, како и дека треба целосно да го избегнувате. Мислењата се поделени и не постои ниту едно официјално истражување кое тврди дека овој чај е штетен за здравјето. Баш напротив, овој чај е многу корисен при спречувањето на многу болести кои ги погодуваат помладите личности, а ние денес ви откриваме неколку предности од оваа популарна напивка.

1-korisni-pridobivki-od-crniot-chaj-koi-ne-ste-gi-znaele-dosega-www.kafepauza.mk_

1. Орално здравје

Истражувањата покажале дека црниот чај ги убива бактериите кои водат до појава на кариес како и болести на непцата. Антиоксидансот катехин, кој е присутен во овој чај ги спречува овие непријатности, а го регулира и лошиот здив.

2. Влијае врз работата на срцето

Црниот, исто како и зелениот чај, го намалува ризикот од појава на срцев удар и го подобрува кардиоваскуларното здравје. Личностите кои консумираат три или повеќе шолји од овој чај дневно имаат намален ризик од појава на срцев удар.

3. Антиоксиданс

Црниот чај содржи полифенол кој ги спречува токсичните материи да го уништуваат организмот, особено кај личностите кои пушат цигари.

4-korisni-pridobivki-od-crniot-chaj-koi-ne-ste-gi-znaele-dosega-www.kafepauza.mk_

4. Превентивно делува врз канцерогените заболувања

Според некои истражувања, полифенолите во овој чај го спречуваат создавањето на канцерогени клетки во телото, особено одредени видови рак, како што се ракот на простата, на белите дробови, на дебелото црево или на мочниот меур. Супстанцата која се наоѓа во црниот чај, TF-2 ги уништува канцерогените клетки, оставајќи ги нормалните клетки неоштетени.

5. Влијае врз здравјето на коските

За тоа дека црниот чај е и тоа како здрав во прилог оди и фактот дека личностите кои консумираат нормална количина од оваа напивка имаат поцврсти коски од оние кои не го практикуваат тоа.

6. Го намалува ризикот од дијабетес

Уште една корист од оваа напивка е и тоа дека таа го намалува ризикот да заболите од шеќерна болест.

2-korisni-pridobivki-od-crniot-chaj-koi-ne-ste-gi-znaele-dosega-www.kafepauza.mk_

7. Допринесува за здравјето на кожата и на косата

Антиоксидансите во црниот чај ѝ помагаат на вашата кожа да ѝ се спротивстави на акните, притоа правејќи ја нежна и мазна, а нејзината ефикасност се покажала и на косата.

8. Го зајакнува имунолошкиот систем

Оваа напивка во себе содржи супстанца под име танин, за која истражувањата покажале дека има способност да се избори против вирусите, а со самото тоа и го зајакнува имунитетот.

Љубителите на чајот треба задолжително да ги погледнат овие интересни начини на кои можете да го користите чајот.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар