4 клучни тексас парчиња облека што ќе се носат на почетокот на есента

Есента е скоро стигната, па сигурно сакате да дознаете нешто повеќе за вашето омилено парче облека. Можеби веќе сте чуле дека тесните фармерки по долго време го изгубија првото место, но дали знаете што е нивната замена? Ако сакате да ги следите најновите трендови, тогаш без сомнение ќе ви требаат следниве 4 клучни тексас парчиња!

(1) 4-kluchni-teksas-parchinja-obleka-shto-kje-se-nosat-na-pochetokot-na-esenta-www.kafepauza.mk

1. Црвен тексас

Црвената е веќе прогласена за боја на есента, но никој не очекувал дека и фармерките ќе се обојат со неа. Сепак трендот е тука, како во шкафот на модните блогерки, така и на полиците во најпопуларните модни бутици.

(2) 4-kluchni-teksas-parchinja-obleka-shto-kje-se-nosat-na-pochetokot-na-esenta-www.kafepauza.mk

2. Миди тексас здолниште

Здолништата со должина до или под колената во последниве неколку години стануваат сè попопуларни, особено за време на есенските и пролетните денови. Разликата е што оваа сезона моделот на врвот на листата ќе биде од џинс.

(3) 4-kluchni-teksas-parchinja-obleka-shto-kje-se-nosat-na-pochetokot-na-esenta-www.kafepauza.mk

3. Винтиџ фармерки

Веќе спомнавме дека тесните фармерки се исфрлени од трендовите, па сигурно ве интересира нивната замена. Оваа сезона во тренд ќе бидат широките модели со рамни ногавици и висок струк – тие се ретро, но совршени за оваа есен.

(4) 4-kluchni-teksas-parchinja-obleka-shto-kje-se-nosat-na-pochetokot-na-esenta-www.kafepauza.mk

4. Голема јакна

Ниту тексас јакните не одат никаде, па дизајнерите и модните ѕвезди одлучија дека оваа есен најпопуларни ќе бидат оние што изгледаат како да сте ги позајмиле од вашиот партнер.

(5) 4-kluchni-teksas-parchinja-obleka-shto-kje-se-nosat-na-pochetokot-na-esenta-www.kafepauza.mk

Погледнете ги и овие тексас парчиња кои секоја девојка мора да ги има во својот гардеробер!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар