Магични датуми во октомври

Магични датуми во октомври

Октомври е благороден месец со добри вибрации и треба да го искористите што е можно подобро до крајот. Овој месец е одличен за паровите кои сакаат да го прошират семејството, како и за луѓето кои планираат свој бизнис или каков било напредок во кариерата.

Октомври е како почеток на мирот пред настапувањето на бурната зима. Ова е месец на љубовта, толеранцијата и простувањето, па треба да им ја покажеме нашата љубов на саканите и да им простиме на оние кои ни згрешиле. Погледнете како некои народи го поминуваат овој месец, кој е еден од најубавите во годината.

Свилата на Марија

Во Европа, пролетта се поврзува со младоста, а есента и зимата со постарите луѓе. Во минатото, кога се завршувало со работата на полињата, жените започнувале и со други обврски како предење волна, плетење и ткаење. Се верувало дека со тие рачни изработки и магија, може да се „исплете“ судбината.

Бидејќи во Европа има многу пајаци, особено во овој период од годината, поради ветерот нивната пајажина често завршувала на облеката на луѓето. Се сметало дека ова е знак за среќа и благосостојба. Пајаковата мрежа се нарекувала и косата на Марија или свилата на Марија по Дева Марија.

Според народното верување, ова е и период кога се собирале вештерките, а пајажината се сметала за нивна коса. Ако пајажината завршела на косата на некоја млада девојка, тоа било знак дека наскоро ќе се венча.

Жито за боговите

Во Холандија, на 12-ти октомври се гатало со помош на ореви. Домаќинот земал еден орев, го кршел и доколку бил здрав и полн, тоа било најава за добра година. Доколку плодот бил влажен, таква ќе била и годината. Норвежаните пак, имале малку поинаков обичај на овој ден – за да им покажат почит на боговите тие правеле каша од жито, ја ставале на штица заедно со свеќа и ја пуштале во реката.

Индијанско лето

Во Америка овој период е познат како „Индијанско лето“. Според легендата, во шумите на Северна Америка живеела волшебна мечка која не спиела во текот на зимата како другите, туку одела на небото. Сите ловци знаеле за оваа мечка и сакале да ја фатат, ама безуспешно. Но една година, двајца ловци успеале да ја застрелаат волшебната мечка, постапка која ја платиле со нивните животи. Небото се отворило и кон него се искачиле мечката, двајцата ловци и нивното куче. На овој начин настанало соѕвездието Голема мечка. Секоја годишнина од смртта на мечката, се отвораат нејзините рани и нејзината крв го бои небото црвено.

Михолско лето

Според народните верувања, на бившојугословенските простори есента започнува на 12-ти октомври. Доколку во овој период има убаво време со високи температури, се смета дека започнало Михолско лето кое наводно претскажува долга и студена сима.

Со овој период е поврзан навистина интересен обичај. Доколку во текот на годината починел некој домаќин, селаните се собирале и ѝ помагале на вдовицата да го собере родот од нивните, што според старите верувања им носело среќа на доброволците.

Магични денови во октомври

  • Од 2-ри до 11-ти октомври е одличен период да размислите за вашите постапки и истовремено да побарате прошка од оние на коишто сте им згрешиле. Ова ќе ви помогне да го ослободите вашиот дух и да се чувствувате подобро.
  • Од 12-ти до 17-ти октомври е период кога би требало да се посветите на проширување на вашето семејство. Се препорачува паровите кои планираат нов член во семејството, овој период повеќе да работат на случајот за да им се исполни желбата.
  • Од 19-ти до 25-ти октомври е одличен период за започнување нов бизнис или каков било напредок во кариерата.
  • Доколку немате партнер, најдобро е да го побарате во периодот од 26-ти до 30-ти октомври.

Погледнете со што се одликуваат личностите родени во октомври.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар