30 рецепти за здрави и вкусни сокови

Нема потреба да пиете безброј апчиња за да бидете здрави. Сè што е потребно е да го наполните вашиот блендер со здрави и вкусни состојки и ќе го добиете она што ви е потребно секој ден. Во продолжение следуваат 30 рецепти за здрави и вкусни пијалаци полни со витамини за кои ви е потребен само блендер.

(10)30-recepti-za-zdravi-i-vkusni-sokovi-kafepauza.mk

1. Ореви, магдонос, мед, ѓумбир и суво грозје

За да го намалите заморот и да ја подобрите состојбата на вашите нокти и коса, направете го следново: Во блендер ставете ореви и сув магдонос и блендирајте. Додајте природен мед, суво грозје и мелен ѓумбир. Консумирајте го овој пијалак 2 до 3 пати неделно.

2. Спанаќ, банана и лимон

Мала порција спанаќ е доволно за да ја внесете дневната доза на некои витамини и хранливи материи. Во блендер измешајте 350 милилитри вода, 3 банани, мала порција спанаќ и сок од половина лимон.

3. Боровинки, банана, лимон и целер

Малку луѓе знаат дека боровинките се одлични за вас. Тие го одржуваат имунолошкиот систем силен и се одлични за вашиот вид. Блендирајте 2 банани, 3 лажици боровинки, сок од 1/3 лимон, две стапчиња целер и чаша вода.

(1)30-recepti-za-zdravi-i-vkusni-sokovi-kafepauza.mk

4. Целер, спанаќ, лимета и банана

Целерот не само што ги согорува калориите, туку е богат со витамини и хранливи материи. Измешајте 2 стапчиња целер, 30 грама спанаќ, 1 чаша вода, сок од половина лимета и банана.

5. Спанаќ, банана, јаболко и лимон

Бананата и спанаќот се многу здрава комбинација. Бананите го подобруваат вашето расположение и ја зголемуваат вашата енергија. Измешајте 30 грама спанаќ, 2 банани, 1 јаболко, чаша вода и сок од половина лимон.

6. Краставица, марула, лимон и мед

Овој вкусен пијалак навистина ќе ве освежи. Краставиците се одлични за прочистување на организмот, а марулата е полна со витамин Е. Измешајте малку марула, излупена краставица, сок од половина лимон, чаша вода и една лажица мед.

(2)30-recepti-za-zdravi-i-vkusni-sokovi-kafepauza.mk

7. Морков, цвекло, целер, краставица, јаболко, магдонос и ѓумбир

Ова е густ, но многу вкусен пијалак. Измешајте морков, малку цвекло, едно стапче целер, краставица, две јаболка и малку магдонос. Додајте ѓумбир и блендирајте.

8. Спанаќ, марула, целер, круша, банана и лимон

Овој пијалак е одличен за појадок и за вашиот имунитет. Измешајте неколку листови спанаќ, 5 листови марула, 3 стапчиња целер, круша, банана, малку сок од лимон и 1,5 чаша вода.

9. Морков, јаболко, ѓумбир, банана, портокал и нане

Само гледањето на овој пијалак ќе ви го подобри расположението. Измешајте 3 моркови, 2 зелени јаболка, парче свеж ѓумбир, 2 банани, портокал и малку нане. Ова ви е доволно за да направите 2 порции.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар