30 рецепти за здрави и вкусни сокови

10. Јагода, брусница, банана и нане
Измешајте 200 грама замрзнати јагоди, 150 грама замрзната брусница (или цреши), 2 банани, 1 рака листови од нане и чаша вода.
11. Банана, јаболко, житарици и коријандер
Ова е одличен начин да го почнете денот. Измешајте половина банана, половина зелено јаболко, една лажица житарици, малку коријандер и босилек или нане. Подобро е да одберете само една од тревките за да не ги измешате вкусовите.
12. Краставица, спанаќ, ананас, зелен чај, лимон и ѓумбир
Овој пијалак можете да го подготвите користејќи зелен чај како основа. Така ќе го направите богат со антиоксиданси и витамини. Измешајте краставица, спанаќ, 220 грама ананас, една чаша зелен чај, сок од половина лимон и малку свеж ѓумбир.

13. Грејпфрут, ленено семе, јагода, грозје, авокадо, банана и лимон
Овој пијалак е богат со витамин Ц кој помага во зајакнување на имунитетот и подобрување на целокупното здравје. Сомелете го лененото семе во блендер, а потоа додајте 1/2 грејпфрут, 15 јагоди, една рака грозје, половина авокадо, банана и сок од половина лимон.
14. Јаболка, лимон и краставица
Лимонот е богат со витамин Ц, додека јаболката се одличен извор на пектин и железо. Измешајте јаболко и сок од половина лимон и додајте 2 краставици.
15. Ананас, киви, краставица и лимон
Ананасот и кивито ќе го заблажат овој здрав пијалак. Измешајте киви, краставица, половина ананас и малку сок од лимон.

16. Авокадо, банана, портокал, тревки и лимон
Авокадото е многу хранливо овошје кое треба често да го внесувате. Измешајте банана, портокал, авокадо, додајте малку тревки по ваш избор, чаша вода и сок од половина лимон. Уживајте!
17. Јаболко, целер, краставица, цвекло и ѓумбир
Иако состојките се едноставни, ефектите на овој пијалак се навистина импресивни. Измешајте 3 зелени јаболка, стапче целер, краставица, цвекло и малку свеж ѓумбир.
18. Краставица и магдонос
Иако содржи само две состојки, овој пијалак е полн со витамини. Краставицата содржи 96% вода, а магдоносот е богат со антиоксиданси и витамини.

19. Ѓумбир, спанаќ, јаболко и мед
Оваа мешавина е победник на оваа листа. Измешајте 2 раце спанаќ, 1 лажица свеж ѓумбир, 2 јаболка, 2 лажици мед и малку вода.
20. Боровинка, калинка, јаболка, краставица и спанаќ
Калинките го одржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем, додека боровинките го зајакнуваат имунитетот. Измешајте 100 грама боровинки, 1 чаша сок од калинка, јаболко, краставица и неколку листови спанаќ.
Продолжува на следната страница…
