30 рецепти за здрави и вкусни сокови

21. Портокал, грејпфрут, лимон, зелен чај, банана и мед

Зелениот чај и цитрусните овошја се најдобрите продукти за прочистување. Измешајте портокал, половина грејпфрут, сок од половина лимон, чаша зелен чај, банана и една лажица мед.

(7)30-recepti-za-zdravi-i-vkusni-sokovi-kafepauza.mk

22. Брокула, карфиол, грејпфрут, ленено семе, бадеми и урми

Карфиолот содржи многу витамини од Б групата кои помагаат во чистење на дигестивниот систем Измешајте малку брокула, карфиол, половина грејпфрут, 1 лажица ленено семе, една рака бадеми и 4 урми.

23. Банана, сок од јаболко, морков и лимон

Измешајте банана, една чаша сок од лимон, 2 лажици исечкан морков и сок од половина лимон.

24. Морков, домати, целер, маслиново масло, сол и бибер

За овој хранлив пијалак потребно е да измешате морков, 2 домати, стапче целер, лажица маслиново масло, сол и бибер.

(8)30-recepti-za-zdravi-i-vkusni-sokovi-kafepauza.mk

25. Киви, круша, магдонос и банана

Кивито содржи многу витамини, од А и Б групата, Ц, Е, ПП, како и некои минерали: калциум, магнезиум, калиум и фосфор. Измешајте 3 киви, 1 голема круша, малку магдонос, половина банана и 250 милилитри вода.

26. Цвекло, ротквица, морков, лук и магдонос

Соковите од зеленчук се уште поздрави од овошните. Со редовно пиење на овој сок ќе го зајакнете вашиот имунитет, а можно е и да изгубите неколку килограми. Измешајте цвекло, 3 моркови, 1 ротквица, 2 чешниња лук и малку магдонос.

27. Ананас, морков и јаболко

Измешајте половина ананас, 2 јаболка и 2 моркови.

(9)30-recepti-za-zdravi-i-vkusni-sokovi-kafepauza.mk

28. Морков, домати, пиперка, лук, целер и спанаќ

Морковите се богати со бета-каротен кој го подобрува здравјето на вашата кожа и е добар за вашиот вид. Измешајте 5 моркови, 3 домати, 2 пиперки, 4 чешниња лук, 4 стапчиња целер и малку спанаќ.

29. Бадеми, урми, мед, цимет и нане

Измешајте една рака свежи бадеми, 1 чаша вода, 2 урми, 1 лажица мед, 1/2 лажица цимет и малку нане.

30. Банана,бадеми, цимет и сол

Циметот го намалува вашиот апетит и го одржува здравјето на дигестивниот систем. Измешајте банана, 15 свежи бадеми, чаша вода, 1/2 лажица цимет и прстофат сол.

Погледнете ги и овие вкусни и здрави пијалаци кои се одлични за летниот период.