30-дневен љубовен предизвик кој може да ја спаси вашата врска од крај

Без разлика колку силна љубов чувствувате или пак, колку е стабилна вашата врска, доколку не внимавате со тек на време можете да преминете во рутина која ќе влијае негативно врз вашата блискост. Во денешниот модерен свет каде што брзо се живее, а уште побрзо се љуби, често се заборава на ситниците кои се всушност клучните состојки за секоја љубов. Потребно е само мала креативност и посветеност која ќе допринесе до раѓање нова страст помеѓу вас, исто како онаа која сте ја чувствувале на почетокот на врската. Токму затоа погледнете го овој 30-дневен љубовен предизвик кој може да ви помогне да ја оживеете вашата врска.

30-dneven-ljuboven-predizvik-koj-mozhe-da-ja-spasi-vashata-vrska-od-kraj-www.kafepauza.mk

Ден 1: Започнете заедно да одите на курс, како на пример, за танцување или учење нов јазик.

Ден 2: Посетете место каде што никогаш претходно не сте биле. Не мора да биде ресторан или клуб, можете да го посетите и новиот парк во близина на вашиот дом за кој досега сте немале време.

Ден 3: Пронајдете го најдоброто место во градот од каде што можете да го гледате зајдисонцето.

Ден 4: Дотерајте се и излезете на некое фенси место.

Ден 5: Оставете му/ѝ слатка, секси или романтична порака некаде каде што лесно ќе ја пронајде.

Ден 6: Разбудете се малку пред алармот и изненадете го/ја со утрински секс.

Ден 7: Опуштете се и разговарајте цела вечер за теми за кои никогаш претходно не сте имале време.

Ден 8: Одете заедно на концерт.

Ден 9: Направете многу забавни заеднички фотографии.

Ден 10: Испланирајте заедничко патување, макар и до најблискиот град или село.

Ден 11: Прегрнете се на кауч додека гледате романтичен филм.

Ден 12: Бидете понекогаш спонтани и препуштете се на чувствата и нагоните без притоа да размислувате за последиците.

Ден 13: Во текот на целиот ден испраќајте си секси комплименти или „нечисти“ мисли.

Ден 14: Бакнувајте се и покажувајте ја вашата љубов во јавност.

Ден 15: Обидете се заедно да подготвите нешто за јадење што досега сте немале можност да го пробате.

Ден 16: Направете пенлива купка во када и создадете си романтични моменти заедно.

Ден 17: Одете на билјард, куглање…

Ден 18: Испробајте нови секс пози.

Ден 19: Поканете друг пар на вечера или во дискотека.

Ден 20: Купете си секси долна облека.

Ден 21: Изнајмете соба во хотел во вашиот или соседниот град и на една вечер избегајте од секојдневието.

Ден 22: Направите листа од причини зошто се сакате.

Ден 23: Поминете цел ден без мобилен и други видови технологија.

Ден 24: Разгледувајте стари слики и потсетете се на почетоците на вашата врска.

Ден 25: Одете на трчање, изнајмете велосипеди или пробајте заедно да вежбате во теретана.

Ден 26: Направете листа со песни кои ги оживуваат вашите заеднички спомени.

Ден 27: Поминете цел ден со вашето семејство.

Ден 28: Изненадете го/ја со долга масажа.

Ден 29: Здружете ги силите и заеднички преуредете ја собата или станот во кој поминувате најмногу време заедно.

Ден 30: Пуштете тивка и бавна музика и танцувајте прегрнати.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар