Водич за вашето лице: Одлични совети за девојките кои не знаат да се шминкаат

Водич за вашето лице: Одлични совети за девојките кои не знаат да се шминкаат

Доколку сте од оние девојки кои не користат многу шминка бидејќи не знаат како, тогаш овој водич може да ви помогне подобро да ги научите цртите на вашето лице. Откако ќе откриете точно која област каде се наоѓа и како најдобро може да се истакне, многу брзо ќе научите и како соодветно да се шминкате без притоа да изгледате како кловнови.

(1) Водич за вашето лице: Одлични совети за девојките кои не знаат да се шминкаат

1. Линијата каде што започнува косата

Станува збор за областа каде што е работ на вашата коса, особено во делот кај челото.

Што треба да направите: Нанесете бронзер околу оваа област со цел да направите вашата пудра да изгледа поприродно.

2. Вдлабнатините под јаболкниците

Оваа област се наоѓа веднаш под јаболкниците. Одредени луѓе се природно надарени со високи јаболкници и изразени образи, но и вие исто така можете да го нагласите овој дел со помош на шминката.

Што треба да направите: Нанесете бронзер или пудра за контура со цел инстантно да „намалите“ неколку килограми од вашето лице. Нанесете онолку колку што сакате – колку поинтензивна контура ќе направите, толку послабо ќе изгледа вашето лице.

3. Јаболкниците на образите

Оваа област е онаа кај образите која се подигнува нагоре кога се смеете.

Што треба да направите: Нанесете руж со цел да ги нагласите образите и да направите нивните најдобри карактеристики да се истакнат.

4. Мостот на носот

Станува збор за областа во горниот, ковчест дел од носот.

Што треба да направите: Направете вашиот нос да изгледа подолго и послабо така што ќе додадете контури на страничните делови со помош на осветлување на мостот. Сите славни личности на овој начин го добиваат својот совршен нос.

5. Брадата и линијата на вилицата

Областа помеѓу вашата уста и долниот дел од лицето.

Што треба да направите: Вам и тука ви е потребна контура. Нанесете пудра за контура на линијата од вилицата и веднаш ќе направите вашето лице да изгледа послабо. Откако ќе го сторите тоа преминете на контура на брадата со цел да ја нагласите.

6. Лакот на Купидон

Вашата горна усна е во форма на лак, па токму затоа и го добила ова име.

Што треба да направите: Осветлете ја оваа област со цел да направите вашите усни да изгледаат пополно. Не заборавајте и на моливче за усни за да ги дефинирате, особено кога користите силни бои.

(2) Водич за вашето лице: Одлични совети за девојките кои не знаат да се шминкаат

7. Работ на капакот

Делот од вашето око кое се превиткува кога ќе го отворите.

Што треба да направите: Одредени инструкции за шминкање ја делат оваа област на три дела: надворешна, средна и внатрешна. Сè додека знаете точно каде се наоѓа овој дел, лесно можете да ги следите туторијалите за шминка.

8. Водната линија

Работ на вашите очи, во горниот и долниот дел.

Што треба да направите: Горната водна линија (под горните трепки) најчесто се користи за исцртување на вашите очи со кафеави или црни бои правејќи ги трепките да изгледаат погусто и пополно. Долната водна линија најчесто се бои со бели или други посветли бои со цел да добиете ефект на поголеми очи.

9. Линијата на трепките

Станува збор за областа каде што вашите трепки започнуваат.

Што треба да направите: Моливчето за очи се нанесува и на долната и на горната линија на трепките. Колку поблиску до неа го нанесете, толку поприроден изглед ќе добиете. (Дополнителен совет: Не ја исцртувајте долната линија до крај, за да не изгледате како ракун. Наместо тоа, доволно е само четвртина од надворешната страна која е поврзана со горната линија за да добиете поприроден изглед.)

10. Областа каде што се формираат солзите

Тоа е најдлабокиот агол од вашето око во близина на носот.

Што треба да направите: Нанесете посветла боја со цел да привлечете светлина кон вашите очи, правејќи ги да изгледаат поголеми и будни.

11. Коската кај веѓите

Оваа област се наоѓа веднаш под веѓите.

Што треба да направите: Нанесете сенка за осветлување со цел да направите вашите веѓи да изгледаат повисоко и поистакнато.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар