2 трика со чија помош ќе изгледате послабо и поженствено во фустан

Скоро секоја жена има нешто што би сакала да го промени на себе, а најголемите проблеми се кријат зад вишокот килограми. Но, секогаш постојат начини на кои можете да изгледате поелегантно и поубаво, притоа подигнувајќи ја вашата самодоверба.

2 трика со чија помош ќе изгледате послабо и поженствено во фустан

Положбата и држењето на телото во секунда може да направи да изгледате поелегантно и поженствено. Исто како и вашиот став. Не станува збор за инстант рецепти за слабеење, туку за мали промени со огромно значење кои можат визуелно да го трансформираат вашето тело. Па, доколку планирате наскоро да го облечете вашиот омилен фустан за некоја елегантна прилика, придржувајте се до следниве правила кои доколку ви станат навика, можат да бидат од клучно значење за вас.

1. Виснати гради

За градите кои веќе не стојат како некогаш, најдоброто решение е соодветниот градник. Исто така, држењето, односно положбата на телото може да допринесе многу за визуелниот пуш-ап ефект. Виснатите гради дополнително се нагласуваат со спуштените рамена кон напред, правејќи ве да изгледате и подгрбавено.

Решение: Секо пат кога сте во можност исправете го ‘рбетот, спуштете ги рамената и турнете ги кон назад, издолжете го вратот и подигнете ја брадата. Задржете ја оваа положба што подолго можете, а потоа опуштете се и повторете.

2. Нагласен стомак

Масното ткиво на стомакот не може да исчезне преку ноќ, но со соодветно избраната долна облека за обликување на телото може лесно да се камуфлира. Исто така имајте на ум дека и во овој случај положбата и држењето на телото можат многу да ви помогнат. Причината за нагласениот стомак кај жените кои немаат проблеми со вишок килограми лежи во позицијата на колковите и карлицата кои се исфрлени кон напред. Со цел да се справите со овој вид деформација, потребно е да издвоите малку време за едноставна вежба.

Решение: Клекнете на едно колено, а другата нога потпрете ја на стапалото, како да застанувате во положба за запросување. Исправете го грбот и започнете да ја туркате карлицата кон напред колку што можете повеќе. Задржете ја положбата 30-тина секунди и потоа опуштете се. Повторете ја постапката неколку пати со двете нозе.

Инстант решението се крие во вашиот задник. Секој пат кога стоите исправено, израмнете ги рамената и ‘рбетот и туркајте го задникот кон напред. Можеби ќе се чувствувате необично, но вашиот стомак веднаш ќе почне да изгледа порамно, а вие поженствено.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар