17 нешта кои никогаш не би можеле да ги разберете без да ги искусите

Постојат нешта кои колку и да се трудиме, никогаш нема да можеме да ги сфатиме. Можеме да се обидеме да ги разбереме, но тие едноставно се надвор од нашите искуства и токму тоа ни ги прави недостижни. Па, како би знаеле какво е чувството да се биде заљубен ако никогаш не сме љубеле или пак, како се би чувствувале доколку ја најдеме нашата страст ако никогаш во животот за ништо не сме биле страсни?

17 нешта кои никогаш не би можеле да ги разберете без да ги искусите

1. Вистински неуспех

Едно е да изгубите или да не ја постигнете вашата цел, но нешто сосема различно се случува доколку вложите сè што имате и работите едноставно се распаднат. Вистинскиот неуспех не е само загуба, туку е загуба на она што го посакувате повеќе од сè на овој свет.

2. Вистинска љубов

Скоро секој човек кој одел по површината на оваа планета дал сè од себе за да ја преточи љубовта во зборови, со цел да ја отслика доволно сликовито за оние кои никогаш не ја искусиле да можат да ја разберат. Но, досега никој не успеал.

3. Губење на љубена личност

Животот е неверојатно краток. Деновите, неделите, месеците, па дури и годините поминуваат додека трепнете, па кога ќе дојде тој момент да изгубите личност која ви значела сè на овој свет, чувството кое се појавува едноставно не може да се опише.

4. Ситуација од која не можете да избегате

Без разлика дали станува збор за физичка или психолошка злоупотреба, ова искуство можат да го разберат само оние кои поминале низ него. Сите можеме да се обидеме да замислиме како би било во оваа ситуација, но сфаќањето е надвор од нашите способности за разбирање.

5. Скршено срце

Колку што е магична и прекрасна љубовта, толку е ужасно скршеното чувство. Тоа е целосна спротивност на љубовта. Ова разочарување можат да го сфатат само оние кои го доживеале и е една од најинтензивните доживувања на човекот, па толку затоа многу тешко се надминува.

6. Гордоста да се биде родител

Сигурно сте забележале како почнуваат да сјаат очите на родителите секој пат кога нивното дете ќе постигне нешто. Дури и да станува збор за нешто многу мало.

7. Откривање на вашата страст

Фокусот. Гладот. Поривот. Многу лесно се разбираат чувствата кои се поврзуваат со страста во животот, но како би можеле да ја разберете самата страст доколку не ја почувствувате самите?

8. Макотрпното работење за постигнување на вашите соништа

Дури и кога гледаме колку е тешко, колку пати сме паднале и повторно сме станале, но и колку пати сме биле на работ од откажувањето, сепак има нешто што продолжува да нè турка нанапред. Токму тоа чувство на продолжување е она кое мора да го доживеете за да го разберете.

9. Неприпаѓање

Некои луѓе се социјални пеперутки и можат да се вклопат во кое било друштво, но некои едноставно не знаат како. Дел од овие луѓе се интроверти, осаменици. Но, некои од нив не знаат како да се однесуваат со другите луѓе. Неможноста да се најде место во светот каде што навистина припаѓате е едно од најуникатните депресивни чувства кои постојат.

10. Немањето вистински пријатели

Постојат многу луѓе кои немаат вистински пријатели, кои едноставно не можат да се потпрат на своите познаници. Тие никогаш немаат рамо за плачење, ниту пак можност за гледање на светот од повеќе перспективи.

11. Работа која ја презирате

На почетокот секој би рекол дека може да работи сè доколку му се потребни пари, но многу брзо почнувате да сфаќате дека оваа работа ви влијае негативно психолошки. Па, почнувате да се тешите дека вреди за парите или за вашето слободно време, но на крајот од денот работата која ја презирате ќе ве изеде однатре.

12. Живеење на животот кој го сакате

Доколку долго време водите живот од кој не сте задоволни, вие со тек на време толку многу ги намалувате вашите очекувања што тие скоро и да не се забележуваат. Но, доколку сте доволно мудри и среќни да си создадете живот на кој се гордеете, тогаш олеснувањето кое ќе го почувствувате воопшто не може ни да се опише со зборови.

13. Брачна понуда

Без разлика дали вие сте оној кој запросува, или пак вие сте оние кои ја добиле понудата за брак, чувството можат да го разберат само оние кои го доживеале. Велат дека одеднаш времето околу вас забавува и тогаш сфаќате дека сте ја нашле љубовта со која сте подготвени да живеете до крајот на вашиот живот. Тоа мора да е возбудливо.

14. Сфаќањето дека залудно сте потрошиле X години од вашиот живот

Не сè што се случува, се случува со причина. Всушност некои луѓе и ќе ви кажат дека не постои причина за ништо. Но, тоа не значи дека не можеме да учиме од нашите грешки. Можете да правите илјадници нешта со вашиот живот додека ја барате вашата страст, но стоењето во место е нешто што кога-тогаш ќе направи да се чувствувате лошо.

15. Сфаќањето дека сте направиле ужасна грешка која ќе ви го смени животот, но која не може да биде промената

Сите правиме грешки, некои помали, други поголеми и ако не можете да ги смените тогаш едноставно нема потреба да се опседнувате со нив. Но, она на што треба да обрнете внимание е да не ја повторите грешката повторно.

16. Моментот кога му доаѓа крај на вашето време

Не сите имаат шанса да знаат кога нивниот живот ќе заврши, но оние кои ја имаат оваа шанса имаат уникатна можност да го доживеат животот од почеток и во целост.

17. Она што доаѓа понатаму…

Доколку имате можност да добиете одговор на само едно прашање, кое било прашање, 99% од луѓето на планетата ќе сакаат да знаат што доаѓа по смртта. Имајќи го ова на ум, половина од нив сигурно нема да имаат храброст да прашаат. Она што доаѓа (ако доаѓа) по животот е една од најголемите човекови мистерии. Но, нема потреба од брзање. Со тек на време сите ќе дознаеме, се согласувате?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар