10 работи кои креативните луѓе ги прават различно, а не ни забележуваат

10 работи кои креативните луѓе ги прават различно, а не ни забележуваат

Креативните луѓе се лесно забележливи и препознатливи поради тоа што се разликуваат од оние стандардни типови луѓе кои ги познаваме. Дали е тоа поради облеката, косата, изразите на лицето, однесувањето, интересите… Зборот кој ги опишува е баш тој – различни. И секогаш ги шират своите видици, наоѓаат нови и интересни начини да завршат некоја работа, го гледаат светот со отворен ум и срце подготвено да прифати нови нешта, промени и предизвици. Тие го сакаат животот и гледаат да ги извлечат од него сите убавини кои ги нуди. Во кратки црти, нив ги опишуваат следниве 10 работи.

(1)-10-raboti-koi-kreativnite-lugje-gi-pravat-razlichno-a-ne-ni-zabelezguvaat-kafepauza.mk

1. Работат, но под нивни услови

Главна особина им е способноста за слободно изразување. За нив не постои погрешно, лошо или гадно, туку само уникатни начини на изразување на секоја индивидуа. Затоа не ни можат да работат додека некој друг им виси на глава.

2. Немаат класична, нормална работа

Тие не ги прифаќаат зборовите нормално и така треба. Па не е воопшто за чудење што ретко можете да најдете висококреативна личност како работи заглавена на биро пишувајќи документи. Тие имаат потреба од изразување и развивање, па поинаква работа би ги загушила целосно.

3. Се инспирираат од различни работи

Креативните луѓе гледаат со широко отворени очи, па дури и најбаналната работа може да ги инспирира. Сѐ зависи во кои насоки им лета умот додека ја гледаат, па од ништо знаат да направат нешто фантастично.

4. Прашуваат многу

Љубопитноста е исто така нивна голема одлика. Ги интересираат многу работи, па токму затоа тие се оние кои најчесто поставуваат прашања и не се откажуваат додека не добијат некои одговори. Имаат сликовита имагинација која ги тера на доста размислување и распрашување.

5. Не се плашат од неуспех

Бидејќи за нив, такво нешто е невозможно. Од фактот дека за нив не постои нешто што е добро или лошо направено произлегува дека успехот и неуспехот се исто така невозможни. Што и да правиме, каде и да одиме и на кое место да се најдеме на крајот, сето тоа е едно големо искуство од кое може само да се научи и е позитивно само по себе.

6. Независни се

Широките видици и отвореноста за поглед од различни перспективи им овозможува да се снајдат во многу ситуации. Тие се многу независни и личности кои можат да преживеат сами, наоѓајќи занимација насекаде околу нив.

7. Ризикуваат

И не се плашат од тоа. Обожаваат да пробуваат нови работи, да видат нови места, да запознаваат нови луѓе. И токму затоа не се повлекуваат назад кога доаѓа до момент да се преземе таков ризик. Тој ризик значи нешто ново и возбудливо, а тие се луѓе кои едвај чекаат да се соочат со нешто такво.

8. Болните ситуации ја подгреваат нивната страст

Тие функционираат на принцип на пренасочување на енергијата. Така, негативната енергија која се собира кај нив откако некој ќе ги повреди, откако ќе изгубат некого или што и да е што ги натажува, ја насочуваат кон креативност и создавање нешто убаво, на свој начин.

9. Постојано учат нови работи

Креативните луѓе имаат немирен дух. Правењето едно исто постојано, за нив е како кафез кој ги држи заробени. Затоа константно учат нови работи и се надградуваат себеси. На тој начин се поврзуваат со светот околу нив кој за возврат им дозволува и обезбедува нови начини за да се изразат.

10. Сонуваат

Нивното секојдневие е многу различно од она на повеќето луѓе. Тие сонуваат и замислуваат и патуваат во својот ум на места кои за останатите се незамисливи. Тие се полни со идеи, со замисли и решенија за реализација. Едноставно, тие го гледаат светот поинаку.

Факт е дека во секој од нас се крие креативна личност. Сите сме способни да создадеме нешто различно и убаво, да бидеме уникатни и свои. Сѐ што ни е потребно за да ја откриеме нашата креативна страна е да прифатиме дека сликата која ние ја имаме за светот околу нас е само една вистина помеѓу неколкуте милијарди други.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар