5 начини на кои можете да го искористите шеќерот во чистењето на вашиот дом

5 начини на кои можете да го искористите шеќерот во чистењето на вашиот дом

Оваа слатка кујнска состојка обично се користи за засладување на храната или пијалаците со цел тие да бидат повкусни. Но, дали сте знаеле дека шеќерот може да се користи и како средство за чистење? Погледнете ги следниве начини на кои можете да го „заблажите“ вашето чистење на домот…

5 начини на кои можете да го искористите шеќерот во чистењето на вашиот дом

Шеќер и прашок за печиво – Во еден сад ставете 3 лажици шеќер и една лажица прашок за печиво, а потоа додадете малку вода со цел да направите мазна смеса. Оваа смеса може да биде одлична и природна замена за сјајот со кој ги миете садовите.

Шеќер и розова вода – Ставете 3 лажици шеќер во еден сад, па потоа врз него додајте една лажица розова вода и мешајте сè додека шеќерот не се стопи. Подготвената смеса можете да ја користите за чистење сребро.

Шеќер и лимонов сок – Направете сок од еден лимон и додајте му 3 лажици шеќер. Оваа комбинација е одлична за лесно отстранување на ‘рѓата.

Шеќер и сирење – За отстранување на флеките од подот, обидете се со комбинација од шеќер и сирење. Во еден сад помешајте ги, а потоа со памучна крпа нанесете ги на свежите флеки.

Шеќер и сок од домат – Сокот од домат е силно белило. Доколку имате која било облека која има трајна флека, во еден сад измешајте шеќер со сок или пире од домат и потоа со нивна помош едноставно отстранете ја од вашите алишта.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар