Зошто треба да ја посетите Кина?

Кина е поделена на 22 провинции, 5 автономни региони, 4 директно контролирани општини и 2 посебни региона. Сите овие места заедно ја сочинуваат целокупната убавина и автентичност на Кина, заради што треба да ја посетите.

Зошто треба да ја посетите Кина?

Забранетиот град се наоѓа во центарот на главниот град, Пекинг. За да се изгради овој град, потребни биле 14 години (1406 – 1420). Забранетиот град бил наменет за династиите Минг и Чинг. За време на овие династии, во Забранетиот град живееле 24 цареви.

Зошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?

Најпознатата асоцијација за Кина, Големиот кинески ѕид, бил граден повеќе од два века, од страна на неколку династии. Намената на Кинескиот ѕид била да ги заштити земјоделските региони на Кинеската империја од нападите на номадските сточари од северните степи.

Зошто треба да ја посетите Кина?

Најголем дел од светските оризови полиња се наоѓаат во Кина. Биле изградени во вид на тераси, за време на династијата Минг. Најдолгото оризово поле се наоѓа во провинцијата Гуанџи, од кое најнискиот дел е на 380, а највисокиот на 880 метри надморска височина.

Зошто треба да ја посетите Кина?

Во југоисточниот дел на Кина се наоѓа провинцијата Хунан, позната по карактеристичните шуми. Дури 80% од територијата на Хунан отпаѓаат на планини и ридови.

Зошто треба да ја посетите Кина?

Секоја година во градот Харбин во Кина се одржува Фестивалот на скулптури од снег и мраз. Освен скулптури, на овој фестивал се изложени и масивни градби изработени од блокови од мраз, земени од реката Сонгхуа, која се наоѓа во близина на Харбин.

Зошто треба да ја посетите Кина?

Кинеската Нова година, или празникот на пролетта, е најважниот празник кај Кинезите. Познат е уште како Лунарна Нова година. Прославата започнува на првиот ден од првиот лунарен месец според кинескиот календар и трае 15 дена.

Зошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?

Кина изобилува со пустини, но и со прекрасни плажи. Најголемата пустина во Кина е пустината Гоби, која постојано се шири и моментално е петтата најголема пустина во светот. Во текот на летото, јужните ветрови се топли и суви, со што се создава идеална клима во крајбрежните области во близина на екваторот.

Зошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?

Денес Кина има десетици градови со над еден милион жители. Мешавината од старата автентична и модерната урбана архитектура, многубројните манифестации и природната убавина ја прават оваа земја една од најпривлечните светски дестинации.

Зошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар