Жената што на оваа слика ви изгледа најстаро открива сурова вистина за вас

Жената што на оваа слика ви изгледа најстаро открива сурова вистина за вас

Перцепцијата е психички процес на запознавање релевантни својства на појавите и предметите околу нас. Таа може да се опише како начинот на кој ние го гледаме светот околу нас. Во согласност со ова, вашето мислење за светот често влијае и на тоа како вие размислувате за луѓето кои ве опкружуваат.

1-vnimavajte-kako-izbirate-zhenata-koja-na-ovaa-fotografija-vi-izgleda-najstaro-otkriva-surova-vistina-za-vas-www.kafepauza.mk_

Имајќи го сè тоа на ум, врз основа на овој тест можете да дознаете одредени работи кои се дел од вашата личност. Па затоа, добро сконцентрирајте се и изберете ја жената што на сликата погоре ви изгледа најстаро и потоа најдете го вашиот одговор подолу…

2-vnimavajte-kako-izbirate-zhenata-koja-na-ovaa-fotografija-vi-izgleda-najstaro-otkriva-surova-vistina-za-vas-www.kafepauza.mk_

Жена број 1

Вие сте силна и горда личност. Пред сѐ, горди сте на вашата независност. Секогаш сакате да бидете први во сѐ. За вас животот претставува една голема борба во која вие сте главни, во првиот фронт. Лидер и водач! Свесни сте за вашите вредности, се почитувате себеси и не дозволувате искривените општествените стандарди да ве одвлечат во спротивна насока. За вас секој проблем има решение. Вие сте отворена личност која секогаш ги става сите карти на масата.

Меѓутоа, постојат и оние кои не може да се носат со вашата силна индивидуалност. Сепак изненадување е тоа што вие не дозволувате негативците да влијаат врз вас. Во секој случај бидете внимателни и немојте да претерувате со самодовербата, бидејќи во спротивно ќе се „изгубите во себе“, што никако не е добро. Енергијата која избива од вас е огромен сведок за вашата сила, но ако сте премногу заслепени со тој факт, несвесно можете да бидете груби и дрски кон вашите драги личности. Пронајдете рамнотежа и балансирајте. Кога ќе го научите тоа, светот е ваш!

Жена број 2

Вие се однесувате како шеф. Барате внимание, бидејќи сте многу вредни и посветени. Затоа сакате луѓето да ве почитуваат и да го ценат она што го правите. Вие сте личност која е создадена за тим – ги мотивирате другите, им давате поддршка, имате сјајни идеи… Едноставно, заради вашиот вреден дух луѓето ве обожаваат.

Вие сте многу дисциплинирани, ги исполнувате сите рокови, оставате простор за грешка и секогаш проверувате сѐ (повеќе пати), бидејќи не сакате ништо да препуштите на случајноста. На деталите им поклонувате посебно внимание, а вашата способност за делегирање е неспоредлива. Она што е важно за вас е да создадете рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот, така што луѓето секогаш ќе можат да ви се приближат доколку е тоа потребно.

Жена број 3

Вие сте вистинска рок ѕвезда! Љубезни сте, популарни во друштвото, искрени и освојувате срца каде и да се појавите. Доколку сакате, вие секој настан можете да го претворите во вистинска журка. Таква е харизмата на вашата тврдоглава личност. Преферирате „кежаул“ стил на облекување, сакате тетоважи, па воопшто не е чудно доколку сте „исцртани“ или барем имате во план еден ден да оставите некоја порака на вашето тело.

Тоа сте вие – необични и неодоливи! Каде и да заминете, секогаш носите слушалки за уши, бидејќи музиката е лекот за вашата душа. Имате безгрижен однос кон животот и се водите според реченицата: „Ќе го преминеме тој мост, но кога ќе стигнеме до него.“ Луѓето често ви завидуваат и изгледа дека вашиот начин на живот им пречи. Меѓутоа, би било сјајно кога одвреме-навреме би биле пореални. Размислете за тоа, бидејќи во животот не излегува сѐ онака како што сте планирале.

3-vnimavajte-kako-izbirate-zhenata-koja-na-ovaa-fotografija-vi-izgleda-najstaro-otkriva-surova-vistina-za-vas-www.kafepauza.mk_

Жена број 4

Вие сте реална личност. Ја прифаќате реалноста и стоечки го поднесувате животот. Животот за вас претставува партија покер. Ги контролирате вашите емоции и ги попречувате вашите страсти. Вие сте стрплива личност, бидејќи сте ја зауздиле вашата дива природа и чекате вистинска прилика за да се покажете во вистинското светло. Без разлика какви карти ќе ви даде животот, едно е сигурно – вие никогаш нема да се откажете!

Вие сте спонтана личност која живее во согласност со природата. На сакате крути и прагматични личности, меѓутоа ќе направите исклучок само ако таквата личност е значајна за пошироката заедница, односно за „мир во светот“. Ги обожавате животните и билките. Вие сте вистински климатолог и борец за чување на нашата планета. Ја почитувате традицијата и историјата и за вас може да се каже дека сте стара школа. Не ве интересира многу што општеството мисли за вас, бидејќи ви е најважно што вие мислите за себе.

Жена број 5

Вие сте страстен патник и огнот за лутање согорува длабоко во вашата душа. Искуството секогаш го ставате пред луксузот, па попрво би поминале време истражувајќи нови места, отколку да резервирате најскап апартман и да одите на одмор од соништата. Вие имате заразна личност што плени без разлика каде ќе се појави. Многу сте дружељубиви. За вас е карактеристично дека ги обожавате животните и сакате да поминувате време со деца. Вам не ви е важно дали на другите им се допаѓа како изгледате, како се облекувате и слично.

Сѐ додека вам ви е удобно и пријатно, вие и во обична облека ќе изгледате како да имате на себе нешто од милион долари. Имате преубава насмевка и таа е вашето главно оружје. Многу сте љубопитни, понекогаш дури и премногу. Затоа е важно да водите сметка, бидејќи вашата склоност кон „душкањето“ понекогаш може да ве доведе до сознанија кои ќе ве повредат. Едноставно, бидете свесни дека постојат работи кои не треба да ги знаете. Останете позитивни како што сте.

Жена број 6

Вие по природа сте доста срамежлива личност. Кога се наоѓате во голема група луѓе, главно сте незабележливи – ако поставите прашање, тоа го правите тивко, а потоа се повлекувате како да не ве интересира одговорот. Меѓутоа, иако одвај разговарате, вие внимателно слушате. Впивате сѐ, како сунѓер. Тоа ве прави добар набљудувач и многу учите додека слушате. Збогатени сте со знаење, иако на луѓето тоа не им изгледа така. Вашиот стил на облекување не е комплициран, сакате да ја вкопувате гардеробата и да не бидете впечатливи.

Низ животот сакате да се водите според реченицата; „Не можете да ме видите“. Сѐ што правите, го правите за себе, па затоа не ви е важно другите да слушнат за вашиот успех. Обожавате да читате книги и кога одите на пат, никогаш не одите без книга. Тоа ви претставува бегство од неудобноста, која се појавува тогаш кога другите луѓе се обидуваат да ви се мешаат во вашиот приватен живот. Исто така, знаете да ставите слушалки во ушите и да се преправате дека слушате музика само за да избегнете разговор. Ве советуваме малку да се опуштите и повеќе да се дружите со луѓето. Не бидете строги кон себе!

4-vnimavajte-kako-izbirate-zhenata-koja-na-ovaa-fotografija-vi-izgleda-najstaro-otkriva-surova-vistina-za-vas-www.kafepauza.mk_

Жена број 7

Вие не сакате промени. Имате навики кои ги почитувате и тоа не сакате никако да го промените. Вие сте најсреќни кога секое утро се будите во исто време, кога ќе ги почитувате вашите секојдневни ритуали. Кафето го пиете од вашата омилена шолја, имате три оброци кои постојано ги вртите во круг, бидејќи така ви одговара, креветот го местите веднаш кога ќе станете, задолжително ги читате вашите омилени магазини. Едноставно, вие сте личност што кога ќе се навикне на нешто, тешко прифаќа нови работи.

Однадвор делувате како дете, но имате душа на постара личност. Вие слушате музика стара неколку децении, бидејќи никако не можете да ги сфатите „новите хитови“. Често размислувате за животот, за општеството. Го споредувате „она време“ и светот во кој се наоѓате денес. Иако не е лошо да живеете по вашите правила, некогаш е добро да излезете од комфорната зона и да ја пуштите вашата дива страна да исплива на површината. Верувајте, ќе ви биде многу забавно

Жена број 8

Вашето најголемо богатство е вашиот мозок! Не само што сте интелигенти, туку сте и тоа како свесни за тоа. „Знам дека ништо не знам“, кажал одамна славниот Сократ, еден од основачите на западната филозофија. Токму со оваа реченица се водите низ животот. Сакате одново да учите нови работи и да го збогатувате вашето знаење. Исто така, сакате да читате и да водите разновидни интелектуални разговори. Обожавате забавни и „паметни“ игри како што се шах и решавање Рубикова коцка. Не се плашите од нови предизвици и храбро чекорите кон целта. Вие сте си самите најголема конкуренција.

Понекогаш сами трагате за нови проблеми, само за да ги решите, па често ги комплицирате и оние најситни проблеми за забава, бидејќи знаете дека за вас не постои проблем кој не може да биде решен. Иако е сјајно да бидете ентузијасти, ве предупредуваме дека секој има свој лош ден. Затоа, немојте да летате премногу високо, бидејќи и обичниот пад може да биде болен. Опуштете се и не трчајте пред времето.

Жена број 9

Вие го сакате она што го правите и вашата страст ја покажувате преку работата. Имате единствен поглед кон светот, што ве прави поразлични. Другите личности ве доживуваат како уметник. Затоа, не е нужно да се занимавате со сликарство, пишување, музика. Вие сте роден уметник. Дури и кога продавате весници, вие на таа работа ќе ѝ дадете поразлична смисла. Ако миете садови, ќе ги миете на целосно поразличен начин, ако го средувате домот, морате да направите и нов распоред во собата.

Без разлика што правите, го правите тоа со љубов. Бидејќи тоа ве движи. Факт е дека сте поразлични од другите и некогаш тие нема да ве разберат, но ќе ги почитуваат вашите ставови, бидејќи ги изнесувате на ваш својствен начин. Бидете свои, како и досега. Слушајте го вашето срце и успехот е гарантиран.

Доколку сакате да откриете нешто интересно за вашата љубовна врска, тогаш изберете го најсреќниот пар според вас и откријте нешто за вашата љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар