За нашата опсесија со времето: Дали постои вистинскиот тајминг?

За нашата опсесија со времето: Дали постои вистинскиот тајминг?

Време. Темпирање. Тајминг. Мали зборови со огромен ефект. Сѐ што се случува околу нас се заснова на тајмингот. Го користиме како изговор, како причина да се објасниме себеси, како чувство за ориентација и правец. Нашето општество нѐ фокусира на идејата дека тајмингот е клучен и како последица, ние дозволуваме тој да има многу поголема контрола врз нашите животи, многу повеќе отколку што сме свесни.

За нашата опсесија со времето: Дали постои вистинскиот тајминг?

Но, треба да се знае дека иако тајмингот не изгледа како да е вистинскиот, сепак кои сме ние за да велиме дека нешто ќе биде или нема да бидете добро за нас поради него. Често се наоѓаме во тешки ситуации на изгубени и пропуштени шанси само затоа што сме имале лош тајминг и кога тој конечно ќе биде точен, веќе е предоцна.

Ние, како генерација, сме опседнати со фактот дека имаме план и кога работите нема да се одвиваат по тој наш план, велиме дека се должи на нашиот лош тајминг. Опседнати сме со изреката дека сѐ се случува со причина, но сепак упорно размислуваме и се навраќаме на изгубените можности и прилики. Ги фокусираме нашите животи околу концептот на тајмингот, кога треба да ги фокусираме на преземањето ризици и шанси.

Постојано ќе ги губиме сите добри работи како работата од нашите соништа, совршениот партнер, успехот во кариерата и приватниот живот и шансата за среќа ако постојано се прашуваме дали сега е вистинскиот момент. Дали нашиот тајминг е точен. Вистина е што нашиот тајминг никогаш нема да биде точен и моментот никогаш нема да биде вистински. Но, тоа е поентата на живеењето.

Треба да бидеме храбри и да се осмелиме да ризикуваме дури и кога не ни е удобно и кога не сме доволно подготвени. Се разбира, нема сѐ да биде совршено на крајот и поразот и неуспехот се неизбежни, но ние живееме и учиме и нема да можеме тоа да го исполнуваме во целост доколку не се ослободиме од идејата за тајмингот. Излезете, зграпчете го денот и шансите! Дури и кога работите не се онакви какви што сте ги планирале или „тајмингот е лош“, направете го она што сакате да го направите пред да изгубите нешто добро. Којзнае, можеби ќе се изненадите, бидејќи вашиот лош тајминг понекогаш може да биде совршениот тајминг, но маскиран.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар