Едноставната мудрост од непроценливо значење на Малиот Принц

Колку пати и да се препрочита и зборува одново и одново за „Малиот Принц“, никогаш нема да биде доволно и никогаш нема да може потполно да се исцрпат сите животни вистини скриени во ова мало парче мудрост. Преведена на повеќе од 250 јазици и дијалекти, „Малиот Принц“ е четвртата најпреведувана книга во светот. Оваа приказна за осаменоста, пријателството, љубовта и загубата маестрално претставена од страна на Антоан де Сент Егзипери е далеку од обична книга за деца. Ова се само неколку од многуте едноставни, но бесценети животни вистини кои можеме да ги научиме од Малиот Принц:

Едноставната мудрост од непроценливо значење на Малиот Принц

Наутро, откако ќе се подготвите за претстојниот ден, за истото треба да ја подготвите и планетата.“

„И сега еве ја мојата тајна, многу проста тајна: Само со помош на срцето можат вистински да се согледаат нештата, она што е суштинско е невидливо за окото.“

„Гледајќи само право пред себе, никој не може да стигне многу далеку…“

„Времето што си го потрошил на твојата роза е она што ја прави розата толку значајна.“

„Возрасните обожаваат бројки… Кога ќе им кажеш дека си стекнал нов пријател никогаш не поставуваат прашања од суштинско значење. Никогаш нема да ти кажат: ‘Каков е неговиот глас?’ ‘Кои игри му се омилени?’ Наместо тоа, тие прашуваат: ‘Колку години има?’ ‘Колку заработува татко му?’ Мислат дека ќе научат нешто за него само благодарение на овие бројки.“

„Возрасните никогаш не можат ништо да разберат самите и на децата им станува напорно цело време само да им ги објаснуваат работите.“

„Морам да издржам да бидам во присуство на неколку гасеници ако сакам да бидам опкружен со пеперутки.“

„Знаеш, само кога некој е толку многу тажен, може да го засака зајдисонцето.“

„Сите луѓе имаат ѕвезди, но тие немаат исто значење за различни луѓе.“

„Она што ја прави пустината убава“, рече малиот принц, „е она што некаде крие бунар.“

„Можеби понекогаш е во ред да се одложи работата за наредниот ден. Но, во случајот со баобабите, би било катастрофално да се направи такво нешто.“

„Среќата не се наоѓа во предметите со кои се опкружуваме. За да ја најдеме сè што треба да направиме е да ги отвориме очите.“

„Никој никогаш не е задоволен со тоа каде се наоѓа.“

„Многу потешко е да се судиш себеси отколку да ги судиш другите. Ако си успеал да си судиш самиот себе, тоа значи дека си навистина мудар.“

„Ако некој е вљубен во цвеќе од кое постои само еден пример помеѓу милиони и милиони ѕвезди, за да биде среќен доволно му е да гледа во ѕвездите.“

„Тажно е да се заборави пријател. Немале сите пријател.“

„Цел без план е само желба.“

„Сите патишта водат кон човечкиот дом.“

„Кога се обидуваш да се правиш паметен, тоа повеќе или помалку доведува до лажење.“

„Зборовите се извор на сите недоразбирања.“

„Секој може да се изложи на ризикот да биде повреден, ако дозволи да биде припитомен.“

„Убава си, но празна. Никој не би можел да умре за тебе.“

„Ги разбираме само оние нешта што можеме да ги припитомиме.“

„Требаше да ја судам според нејзините дела, а не според нејзините зборови.“

„Луѓето тргнуваат на својот пат во експрес возови, но не знаат по што трагаат… Потоа брзаат, се возбудуваат и се вртат околу и околу… Не вреди да се мачиш толку… Но очите се слепи. Мора да гледаме со срцето.“

„Засекогаш стануваш одговорен за она што си го припитомил.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар